1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Долга затворска казна за „Трговецот со смртта“

Виктор Бут, рускиот трговец со оружје, е осуден од судот во Њујорк на 25 години затвор за шверцување оружје. Руските власти сметаат дека пресудата е „неоснована и пристрасна“.

Иако обвинителството бараше доживотна казна затвор, судијата Шира Шајндлин оцени дека минимумот од 25 години затвор за обвинението е доволно, бидејќи тој само ја искористил приликата што му се понудила да заработи. Но, освен 25 години затвор, Бут доби и парична казна од 15 милиони долари. Обвинителството бараше доживотна казна затвор, затоа што Бут во времето на апсењето се подготвувал да испорача од 700 до 800 ракети за напад на САД. Против-авионскиоте ракети, што им ги продавал на членовите на „Револуционерните вооружени сили на Колумбија“, требало да се искористат за напад врз американски државјани.

Viktor Anatoljevich Bout Festnahme in Bangkok, Thailand

Виктор Бут беше уапсен во Бангкок

Судијата рече дека нема никаков доказ дека тој сакал активно да се ангажира во некоја терористичка организација, но сепак додаде дека тој продавал оружје на најсуровите и најнасилните режими во светот. САД го сметаат Бут за еден од најголемите шверцери на оружје во светот. Тој има право преку својот адвокат во следните 14 дена да поднесе жалба на пресудата.

По објавувањето на пресудата се огласија руските власти, кои ја нарекоа пресудата „неоснована и пристрасна“. Преку руското МНР е пратена порака дека ќе се стори се‘ Бут да се врати дома.

Русинот Бут беше уапсен во Банкок во 2008-ма, по спроведена акција на американската служба за борба против трговија со дрога. Тој беше екстрадиран во Њујорк во 2010-та, за да му се суди. Бут беше тема во крината под наслов „Трговец со смртта“.