1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Докузовски повеќе не е селектор на кошаркарите

Марин Докузовски нема да ја предводи машката македонска кошаркарска репрезентација во квалификациите за Олимписките игри во Лондон 2012, одлучено е на средбата во Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ).

Bild: MAKFAX

Марин Докузовски

На средбата меѓу претседателот на МКФ Даниел Димевски и сега веќе поранешниот селектор на репрезентацијата Марин Докузовски, договорено е тој во иднина да ја има улогата на советник на новиот предводник на кошаркарите, кој ќе биде познат најдоцна до крајот на овој месец. Ваквото решение доаѓа по одлуката Докузовски својата професонална кариера да ја продолжи како тренер на бугарскиот клуб Лукоил Академик од Софија. Македонската кошаркарска репрезентација, која на последното ЕП во Литванија го освои 4-тото место, од 2 до 8 јули во Венецуела, ќе игра на квалификацискиот турнир преку кој ќе се обиде да обезбеди пласман на ОИ во Лондон.

Автор: СН/ЕМФ/миа

Редактор: Е.М. Фиданоска