1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Доктор по ноќно излегување

Додека некои докторанти мака мачат со статистики и минуваат недели во лабораторија, Хаприт Чолиа ноќите ги минува на лондонската клупска сцена и тоа во име на науката. Проектот се спроведува во Лондон, Берлин и Париз.

default

Шминка, соодветна облека, добро располежние, излегување во најпопуларните ноќни клубови - сето тоа е дел од научниот труд на Хаприт Чолиа. Цела година Британката секој виикенд беше дел од лондонскиот ноќен живот, со цел да ја истражи британско-азијатската клупска сцена.

Многу пати ја гледаа и со недоверба, кога на новите познаници од лоноднкста клупска сцена им раскажуваше која и’ е целта: „Да, тоа е навистина интересно. Оти кога кажував што работам, луѓето ги кокореа очите и ме прашуваа, дали се шегувам. Прашуваа: ’Добиваш пари за да излегуваш?’ Тогаш појаснував: ’Не, тоа е сериозен аспект со научна заднина.’ Сепак можам да разберам ако некој е љубоморен за ваков вид работа.“

„Набљудување со учество“

Научната метода со која таа се обидува да ја испита урбаната клупска сцена се нaрекува „набљудување со учество“. Тоа значи дека научникот е дел од случувањата. Нејзините субјективни доживувања Хаприт Чолиа, ги запишуваше по сеќавања, веднаш по ноќта помината во клубовите. На крајот направи збирка белешки, дебела колку телефонски именик. Eве еден пример од нејзините таканаречени „забелешки од истражувањето на терен“.

„Околу 9 часот Мони почна да вади облека од нејзината торба... голем број фустани и маички, во случај да сакам нешто да облечам...“

Исто како што Хаприт Чолиа ја набљудуваше британско - азијатската клубска сцена во Лондон, две други докторантки ја истражуваа афро - карипската сцена во Париз и германско - турската култура на излегување во Берлин.

Jugendliche tanzen im Club Adagio am Potsdamer Platz Berlin FLASH Galerie

Какви се сознанијата по една година истражување во диско?

На пример, колку се разликува британско - азијатската клупска култура од ноќниот живот во двата други градови.

„Важноста на излегувањето, како начин за дистинкција: сега сакам да покажам, што имам и кој сум јас, и каде уште ќе стигнам во животот. Кај ниедна друга група што ја истражувавме не дојдовме до тоа сознание“, подвлекува професорката Кира Косник, раководител на проектот „етничка клупска култура“. Професорката на Институтот за Културна антропологија и европска етнологија на универзитетот во Франкфурт е сигурна дека овие опсежни теренски истражувања за клупските сцени во Лондон, Париз и Берлин ќе донесат и многу други сознанија и тоа не само за науката.

„Не треба да се биде загрижен кога постојат клупски сени, кои од етнички аспект се релативно хомогени. Тоа не значи дека луѓето експлицитно сакаат да се ограничат. Тоа е исто толку нормално, колку што е нормално да има клубови, кои се наменети за хомосексуалната публика или за луѓето над 30 години. Тоа не е ништо што загрозува. Мислам дека тоа е релевантно општествено-политичко сознание.“

Европска поддршка

Проектот етнички клупски сцени ќе добива поддршка од ЕУ до 2012 година. До тогаш треба да бидат анализирани сите податоци и протоколи за ноќите во клубовите. Младиот истражувач Хаприт Чолиа е среќна што по една година заврши нејзината пракса во лондонските ноќни клубови.

„Во првиот момент по завршувањето на истражувачката фаза бев среќна и си реков: во прво време нема да одам во ниту еден клуб. Имав потреба да се релаксирам. Сега сум среќна што пред полноќ можам да одам да спијам.“

Автор: Бјанка фон дер Ау/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев