1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Докторски титули за 50.000 евра

Докторската титула е статусен симбол. Но, меѓу академската елита се кријат црни овци. Тие не ги пишуваат сами трудовите, туку т.н. тајни пишувачи ја извршуваат работата, и тоа за добри пари.

default

Не е едноставно да се најде „гоустврајтер“ (таен пишувач), кој отворено би зборувал за тоа. Иако на интернет може да се најдат редица претпријатија, пишувањето на научни трудови за други лица се премолчува.

Thomas Nehmet, Geschäftsführer Acad Write

Томас Немет

Менаџерот Томас Немет е исклучок. „И лошата реклама е реклама“ вели тој. Филозоф по професија, Немет преку интернет ја нашол својата прва работа како „гоусврајтер“. На почетокот пишувал сам, за подоцна да основа фирма. Канцеларија денес му се наоѓа во луксузен дел на Цирих, а задачата му е да посредува меѓу лицата кои сакаат некој друг да изработи научен труд за нив, односно т.н. „гоустврајтер“. За неговата фирма работат околу 300 слободни соработници. Претпријатието има годишен обрт на средства од најмалку еден милион евра и контакт бироа во Германија, Унгарија и Австрија. Деведесет проценти од научните трудови се наменети за Германија.

Немет вели дека не би имал проблеми да работи ниту како трговец со оружје, зборови со преносно значење, оти според Немет неговото претпријатие во последните седум години изработило и продало околу 5.000 академски трудови  - односно оружје во рацете на измамниците во научните кругови.

Правен џокер

Семинарски, дипломски работи и докторски дисертации, доволен е еден телефонски повик или и-мејл, по што Немет го бара соодветниот „гоустврајтер“ за изработка на трудот. Голема побарувачка има од студентите по економија, а потоа следуваат правниците и медицинарите. Трговијата со титули е секојдневие за Немет: „Од нас се бара услуга, а ние истата му ја ставаме на располагање на клиентот кој ја побарал и кој може да плати.“  Исто така постојано се нагласува дека клиентот треба да го третира трудот во правно-коректни рамки: „Ако не постапува така, самиот е одговорен за тоа“, убеден е Немет.

Тоа што одговорноста ја префрлува врз клиентот е правниот џокер на Немет. Досега тој не се судрил со законот, оти пишување на некој труд со цел да се вежба, како што официјално се водат услугите на Немет, не е никакво кршење на законите. Во оној момент кога неговите клиенти го предаваат трудот во некоја институција, вршат казниво дело: „Јас не сум тој кој треба да изработи психолошки профил на клиентите, за потоа да одлучам  дали ќе му го предадам производот или не“, вели менаџерот.

Guttenberg / Doktorarbeit / Dissertation

Подолгите научни трудови (докторски дисертации) чинат до 50.000 евра

Официјално претпријатието на Немет не изработува докторски дисертации, туку „научни дела од една до 500 страници“. Годишно од канцеларијата излегуваат околу 50 такви подолги трудови. Изработката на докторска дисертација трае најмалку една година и може да чини и до 50.000 евра. Колку побрзо треба да биде завршена, цената е толку повисока. Плаќањето се одвива бирократски, преку префрлување на пари на сметка. Можно е и плаќање на рати.

На прашањето дали досега била добиена највисоката оценка, односно Сума кум лауде, Немет само се смее. Нерадо зборува за своите клиенти. За губитниците во академскиот свет има разбирање. „Тие се постојано под стрес, имаат семејни проблеми, веќе се на работа или имаат блокада при пишувањето.“

Плагијати кај него нема, уверува Немет. На една интернет страница веќе објави: „Универзитетите и интернет активистите, кои се во потрага по научни трудови плагијати, ќе си ги скршат забите кај нас.“  Немет знае дека може да заработи многу пари поради тоа што некои луѓе се плашат од неуспех или општествениот притисок врз нив е голем. „Во 70-те години се студираше, за да се стекне знаење. Не сакам да кажам дека тоа денес не е случај, но многумина денес студираат само за да имаат диплома в џеб.“

Титулите не му значат ништо. Каква корист, ако на надгробната полоча му пишува  „доктор“?  За Томас Немет академските титули се производи, кои добро се продаваат. „Дали ќе влечкам со мене докторска титула  или за тоа ќе добијам 5.000 евра  - порадо ќе земам 5.000 евра и ќе бидам среќен со тоа.“

Автор: Николас Мартин/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев