1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Докторски и постдокторски студии

За отпочнување докторски студии во Германија, кандидатите треба да имаат веќе завршени бачелор и мастер студии со исклучителни резултати.

default

Поинаку е кај медицинските студии каде докторската дисертација и усниот испит можат да бидат изведени уште за време на самите студии, но титулата ќе ја стекнат откако целосно ќе ги завршат истите.

Кој ќе биде примен на докторски студии одлучува надлежна комисија на универзитетот каде студентот се запишал. Кандидатите од странство треба благовремено да се информираат за тоа дали нивните дипломи од претходните студии ги квалификуваат за докторски студии, бидејќи најголемиот број дипломи од вишите школи не овозможуваат упис на докторски студии.

Соработка со менторот

Jüngster Doktor in NRW

Доминик Вид (23) е најмладиот доктор на науки во покраината Северна Рајна-Вестфалија

За завршување на докторскиот труд најчесто е потребен период од неколку години. Притоа, кандидатот соработува со професор-ментор со кого ја договара темата на докторската работа, ги обработува детаљите во текстот и се подготвува за завршниот испит.

Стекнувањето докторска титула е мошне важен предуслов за работа во одредена научна област. Во општествените науки, докторската дисертација најчесто се поврзува со наставен ангажман на некоја високообразовна институција. Се` повеќе студенти се одлучуваат своето образование да го продолжат на т.н. колеџи, односно школи за продолжителни (докторски) студии (Graduiertenkolleg и Graduate Schools), бидејќи побрзо водат до целта отколку вообичаените универзитети.

Школи и колеџи за докторски студии

Колеџите за докторски студии (Studienkolleg) претставуваат посебна форма на унапредување кадар со докторски степен на образование. Тоа се посебни институции од краткорочен карактер во рамки на факултетите, предвидени за образување и подготвување на

Ausländische Studenten - Universität Köln

кандидати за докторат. Нив ги финансира Германската научна заедница (DFG). Колеџите се ориентираат кон некоја тема со која се опфатени повеќе области и треба да го надополнат традиционалниот систем на подготовка на докторскиот труд кој кандидатот може да го работи и во група со повеќе научници. Селекцијата на студенти кои ќе добијат стипендија го прави самиот колеџ. На колеџите има околу петнаесет универзитетски професори и до триесет кандидати за докторат од кои дванаесет до петнаесет примаат и стипендија. Останатите примаат финансиска помош од други извори.

Од друга страна, на некои универзитети, особено на оние кои се познати како „елитни“ има програми кои се конципирани во рамки на самостојни школи за докторски студии (Graduate Schools) на кои млади и надежни кандидати можат да докторираат во рок од три години. Слично како и колеџите, така и овие школи нудат интердисциплинарни програми и интензивна соработка со ментори. За разлика од колеџите, школите за докторски студии се институции од постојан карактер во склоп на универзитетите. За истражувачите и научниците од странство има и програми на англиски јазик. Бездруго, една третина од целокупната понуда на стипении се предвидени токму за странските кандидати.

Хабилитација и вонредна професура

Inder an der TU Chemnitz

Индиски студент на Техничкиот универзитет во Кемниц истражува за нов вид ласери

Кој сака да работи како професор на универзитет мора да подлежи на хабилитација студија, односно научен труд кој е основен предуслов за стекнување на титулата „универзитетски професор“. Хабилитацијата е испит од највисок ранг во Германија, но не се смета за академски циклус т.е. степен, туку служи за проверка на тоа дали еден кандидат е способен за извршување професорска должност во одредена научна област. За таа цел кандидатот треба успешно да изведе истражувачки проект, а професорската должност може да ја врши откако ќе биде повикан од страна на некој универзитет.

За да може младите научници на време да се запознаат со работните обврски на универзитетот, воведена е т.н. вонредна професура со која им се овозможува без хабилитација да ја вршат својата научна дејност. Вонредната професура трае од три до четири години - период во кој ќе се подготват за квалификација за титулата „редовен професор“.

Автор: Клудија Унзелд / Габи Ројхер / Далибор Стајиќ

Рердактор: Александра Трајковска