Докторите се множат, знаењето се десеткува | Македонија | DW | 16.09.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Докторите се множат, знаењето се десеткува

Македонија се соочува со проблеми во високото образование. Голем број докторски тези се препишани или компилирани. Научните титули лесно се стекнуваат. Министерот за образование Тодоров најави построги критериуми.

default

Препишани докторати и тези, компилација од објавени научни трудови и анализи, купени или лесно стакнати и одбранети научни звања во соседството, пред се’ на некои универзитети во Бугарија, Косово, па дури и на одделни академии во Русија. Јавна тајна е дека на Медицинскиот факултет и Клиничкиот центар во Скопје се создадени семејни кланови од доктори на науки.

Nikola Todorov Mazedonischer Bildungsminister

Министерот за образование Никола Тодоров

„Бев непријатно изненаден кога прочитав некои докторати со исти тези, кога видов дека се одбранети докторати во странство со иста тема и очигледно препишани. Тоа ме загрижи, и затоа иницирав правилник со строги критериуми за стакнување титули доктори на науки. Ако имаме неквалитетен професорски кадар, тогаш ќе биде доведен во прашање целиот систем, вклучувајќи ги и дисперзираните студии“, кажа во интервју за ДВ министерот за обазование Никола Тодоров.

Лесно стекнати докторски титули

Околу 75 илјади студенти на 70 факултети во земјата, ја предизвикаа и експанзијата на приватни универзитети. Дисперзијата на јавните високообразовни институции доведе до растечка потреба од универзитетски професори - доктори на науки. „Потребата да се има соодветен наставен кадар доведе до инфлација на докторски одбрани и веројатно не се почитувани елементарните правила, што доведе до инфлација на академски звања“, вели професорот Благоја

Studenten - Wirtschaft Fakultät

Универзитетот во Скопје

Самаковски ректор на Универзитетот по информатика, формиран во Охрид и каде 70 насто од професорскиот кадар е од странство. Тој е сопственик на „Микросан“, прилепска компанија за висока технологија, која извезува во 10 земји, со самостоен истражувачки центар преку што беше овозможено да се аплицираат и стекнат докторски студии со веродостојни истражувачки проекти. „Не се само драматично заострени условите да се пријават докторски студии, туку и наставниот кадар, кој ќе биде избран за ментор или пред кого треба да се брани, мора да имаат меѓународна верификација на своите наставно-образовни вредности и проекти“, вели професор Самаковски. Тој смета, дека во изминативе две децении самостојност, Македонија нема изградено образовна стратегија, која е функционално поврзана со потребите на економијата и современите научни дисциплини.

Потребни се поголеми вложувања во високото обвразование

„Од буџетот на државата се издвојуваат одвај 0,6 насто за развој на науката и капитални студии“, кажа академик Георги Старделов на

Studenten - Uni Skopje

Универзитетот во Скопје

годишното собрание на МАНУ. Со толкав обем на средства неможе да се очекуваат капитални научни испитувања и инвестирања во кадровските ресурси. Загрижувачки е што нема апликации за проекти од сферата на природно-техничките науки.

„Ве повикувам да ги анализирате магистерските или докторските тези на македонските универзитети, ќе видите колку е катастрофална ситуацијата со обработката, анализите или новите сознанија што се цел на научните теми“, вели Дане Талевски докторант на Универзитетот во Будимпешта. Според него нема подготвеност да се прими новото знаење и да се влезе во глобалните научни сознанија. Јавните и приватните универзитети во битката да се привлечат студенти или обезбеди партиципација за студирање воопшто не се води сметка за нуката како смисла на студирањето, проценува Талевски.

Нелогични локации

Со процесот на дисперзија се случија и нелогични локации. Само во радиус на 70-тина километри има три филолошки факултети. Во конкуренцијата на јавното и приватно студирање се регистрирани 8 студии по информатика, 7 факултети по новинарство, маркетинг, комуникации или 4 факултети за туризам, а аграрни студии има во 4 општини на околу 150 километри оддалеченост.

Недостигот на минимум научни титули беше причина просветниот инспекторат да затвори еден приватен универзитет, што работеше одвај со петмина професори, но и факултет за дизајн каде им пропаднаа уписните од 2000 евра на околу 30-тина студенти.

Критериумите се заоструваат

Tetovo Universität

Универзитетот во Тетово

Речиси една година нема одбрана на докторати, што е академски услов за наставно-научно титули. До септември лани секој магистер на науки можеше веднаш да пријави докторски тези и во рок од една до три години да се стекне со таква титула. Сега се затегнуваат критериумите, според европските правила, вели министерот Тодоров. Прво ќе треба да се студираат три години докторски студии, одбранат тезите и тоа пред наставници и ментори кои имаат најмалку 3-5 публикации и статии во меѓународни научни списанија, објаснува министерот. Под такви строги правила, се’ потешко ќе се доаѓа до високи научни звања, но тоа е добар сигнал, прифаќа професорот и бизнисмен Самаковски.

Самото навестувањето за построг парвилник во пријавувањето докторати предизвика неколку високи владини функционери, кои имаат магистерски титули веднаш и забрзано да пријават докторски тези на својата Полициска академија.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска