1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доживотна казна за убиство за спасување на семејната чест

Судскиот процес за убиството на 16 годишната Германка со авганистанско потекло, Морсал, доби завршница - судиите му изрекоа доживотна казна затвор на нејзиниот брат.

default

24 годишникот ја убил сестра му со 23 бодежи со нож, на 15 мај 2008 година, на едно паркиралиште во Хамбург, затоа што бил гневен поради нејзиниот западен стил на живеење. Судскиот процес во Хамбург го следеа не само голем број новинари и членови на семејството на убиената Морсал, туку и граѓани на Хамбург.

Полицајци, вработени во службата за социјални работи, пријатели на жртвата и на убиецот, како и наставници и, се разбира, очевидци. Обвинителството повика 33 сведоци, а во текот на судскиот процес се појавија и двајца вештаци, од кои едниот, поради пристрасност, мораше да си замине прилично бргу. Процесот се вртеше околу прашањето - станува збор за убиство со умисла, или за убиство од небрежност?

Обвинителството тврдеше дека се работи за убиство поради одмазда, додека одбраната во делото гледаше семејна трагедија. Братот на Морсал дејствувал во афект и поради неговите нарцистички пореметувања на личноста има намалена одговорност за делото.

Тешки прашања

На прашањето кој е во право е тешко да се одговори, смета оваа жена која го набљудуваше процесот во Хамбург: „Двете страни за мене звучеа убедливо, но во основа треба да се познава и позадината на случајот и семејната историја.“

Ваквата изјава ги отсликува измешаните чувства со кои присутните го следеа целиот процес. Од една страна, имаше мислења дека извршителот на делото мора да добие доживотна казна затвор, но од друга страна имаше и такви кои бараа да се набљудува целото семејството и она што таму се случувало.

Повеќемина од сведоците изјавија дека младоста на братот на Морсал, исто како и нејзината, носи печат на насилство од страна на таткото. Службата за социјални работи не можела да стори ништо. Дваесетичетиригодишниот млад човек живеел без ориентација, растргнат меѓу строгата авганистанска култура и слободниот живот во Хамбург. На неговата 16

Symbolbild Gericht Prozeß Gerichtsakten

Обвинителството сметаше дека се работи за убиство, одбраната - за убиство од небрежност

годишна сестра таква слобода не и‘ дозволувал. Сепак, ја сакал, убедени се две млади девојки по два месеца минати во судската сала: „Не би рекла дека се работи за планирано убиство.“

Несфатливо дело

Друг набљудувач на процесот, кој слушал внимателно, тоа не може воопшто да го сфати. На пример, при телефонските разговори што се воделе непосредно по убиството, а во текот на кои братот на Морсал рекол дека неговото дело е подобро отколку да се остане без чест. Друг набљудувач смета дека делото било точно испланирано, дека местото на убиството било свесно избрано и нема врска со афект: „Ако случајно нападнам во афект и ако некого удрам со тупаница, а тој падне и добие срцев удар, тогаш тоа може да биде случајност. Но, ако некого избодам 23 пати со нож, тоа веќе не е афект. Зад такво дело стои намера.“ Слично размислува и претставничката на невладината организација за заштита на човекови права, „Тер де Фам“. Таа не им верува многу на солзите на убиецот: „Тоа се зборови. Откако нешто ќе се случи може да се каже се‘ и сешто. Мислам дека овде беа инсценирани многу работи, исто како и солзите!“