1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Доживотен затвор за убиство на Роми

Суд во Будимпешта осуди на доживотна казна затвор тројца мажи обвинети за убиство на шест Роми. Пресуда која испраќа сигнал.

Тројца десно екстремисти, браќата Арпад и Иштван Кис како и нивниот пријател со исти сфаќања Жољт Пето ги убиле Ромите од расистичка омраза, заклучија судиите. Нивниот соучесник, кој учествувал во серијата напади во 2008 и 2009 година е осуден на 13 години казна затвор. Тој беше единствениот кој призна дека учествувал во нападите. 

Групата повеќе од една година целно изведувала напади врз Роми во различни области на Унгарија. Во вкупно девет напади, според обвинението, сторителите истрерале вкупно 78 куршуми и со 11 молотови коктели палеле куќи, во кои живееле Роми. Во еден случај во Татарсенчјот крај Будимпешта загина петгодишно дете заедно со татко му. Десните радикали стрелале врз семејството во бегство, откако им ја запалиле куќата. Во 2008 и 2009 година Унгарија ја зафати бран расистичко насилство против Ромите.

Околу седум проценти од околу десет милиони Унгарци му припаѓаат на ромското малцинство. Тие најчесто живеат во голема сиромаштија. Критичарите ја обвинуваат актуелната влада на премиерот Виктор Орбан дека држи премала дистанца со десниот екстремизам и дека прави премалку против дискриминацијата на Ромите. Обинувања кон кои сега се надополнува и нов скандал од северно унгарскиот град Озд.

Тамошната градска управа изминатиот викенд и покрај екстремните летни горештини го сопре снабдувањето со вода за сиромашната ромска населба. Образложението беше дека Ромите недомаќински трошеле вода, која не ја плаќале. Во Озд владее партијата на Орбан, Фидес. На почетокот на годината политичарот Жољт Бајер, еден од основачите на Фидес, ги означи Ромите како „животни“, кои би требало да бидат „ликвидирани“.

Со пресудата против десно-екстремните убијци сега се испраќа сигнал во борбата против расизмот. Пресудата беше донесена пред голема публика. Судската сала беше премала и дојде до немири. Очевидците во салата видоа многу Роми, но и десни радикали, кои своите сфаќања ги иразија преку натписи на маиците.