1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доживотен затвор за косовскиот џихадист

Арид Ука, косовскиот Албанец кој пред речиси една година, на Франкфуртскиот аеродром, уби двајца американски војници е осуден на доживотна затворска казна.

default

Арид Ука во судот во Франкфурт

Вишиот покраински суд во Франкфурт денеска (10.02.2012) му ја изрече на Арид Ука најострата казна поради смртоносниот напад врз американските војници на Меѓународниот аеродром во Франкфурт . Судот го прогласи Косовецот за виновен за две убиства и за три обиди за убиство . Нападот од 2 март 2011. година важи за прв исламистички напад во Германија, кон не можел да биде спречен.

Судотот смета дека е докажано дека Ука од исламистичко-џихадистички мотиви го егзекутирал американските војници со куршум во главата и тешко повредил уште двајца. Кога се обидел да стрела во петиот војник неговиот пиштол се закочил. Судијата Томас Сакабил читајќи ја пресудата нагласи дека поради тежината на случајот се исклучува и можноста за превремено излегување од затвор по 15 години.

Deutschland Anschlag Frankfurt Flughafen 02. März 2011

Местото на злосторството на Франкфуртскиот аеродром

Злосторство на поединец

22-годишниот Ука ја прифати судската пресуда без никаква реакција. Тој би можел и да биде израчен на отслужување на казната во Косово бидејќи нема германски пасош.

Арид Ука кој инаку има израснато во Германија ја призна вината и изјави дека го извршил злосторството откако гледал видео снимка на која американски војници силуваат муслимански жени.

Инаку американските војници на 2. март 2011 година штотуку беа слетале на аеродромот во Франкфурт. Пред терминалот ги чекал автобус , кој требал да ги однесе до воздухопловната база Рамштајн . Од таму тие требало да заминат на ангажман во Авганистан. Арид Ука сочекал додека невооружените војници да се качат во автобусот и потоа тој внатре од блиску пукал во нив.

Арди Ука на Фејсбук имал профил под борбениот псевдоним (Чувар на божјата порта) и бил поврзан со најпознатите салафисти во Германија, но според истрагата, лично не познавал ниту еден од нив. Исто така и укажувањата за негов можен престој во камп за обука во Босна беа во најголем дел демантирани од страна на еден сведок на Германската криминалистичка служба. Обвинителството смета дека тој го извршил нападот како поединец и оти немал соработници, помошници и не бил член на радикална исламистичка група.

Автор:СН/БГ/дпа/ртр

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM