1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доживотен затвор за водникот убиец

Подофицерот на американската воена единица, одговорна за убиство на авганистански цивили во провинцијата Кандахар, доби доживотна казна затвор, откако воената порота го осуди за три убиства.

default

Судски цртеж на водникот Калвин Гибс

Петчлениот воен суд го прогласи за виновен 26-годишниот водник Калвин Гибс и наведе дека тој треба да одлежи најмалку десет години затвор пред да добие можност да биде пуштен на условна слобода.

Гибс е осуден по 15 точки од обвинението, вклучувајќи три за убиство со предумисла, поради својата улога во убиствата во јужен Авганистан во периодот меѓу јануари и мај минатата година.

Calvin Gibbs

Судски цртеж на обвинетиот Гибс и неговиот адвокат Фил Стакхаус

Прсти и заби од убиените како трофеи

Во завршното обраќање обвинителот ги отфрли тврдењата на Гибс дека убиствата на Авганистанците биле легитимен одговор на напад и оти неговата единица учествувала во борба.

Гибс е обвинет дека им подметнал оружје на телата на мртвите цивили за да изгледаат дека се борци и им отсекол прсти и им извадил заби, како воени трофеи, што тој го призна.

Судењето, кое почна минатата недела, е одржано во американската воена база Луис Мекорд, јужно од Сиетл.

Уште тројца американски војници се обвинети за убиство и добија затворски казни.

Автор: ЖА/СН/дв/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска