1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Додик: БиХ не е способна да преживее

Претседателот на Република Српска , Милорад Додик смета дека Босна и Херцеговина е неспособна да преживее и оти постои само благодарение на поддршката на меѓународната заедница.

„Босна и Херцеговина е во перманентна криза што е доказ за нејзината неспособност да преживее. Таа постои само затоа што меѓународната заедница го оддржува привид на нејзино функционирање“, изјави Додик по денешната средба во Белград со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.

Претседателот на Република Српска оцени дека е дојдено време Високиот претставник на меѓународната заеница во БиХ на сите потписници на Дејтонскиот договор да им поднесе извештај за својата работа , бидејќи како што рече, тоа е предвидено со Анексот 10 на тој договор од 1995-та година со кој беше склучен мирот во Босна и Херцеговина.

Двајцата претседатели оценија дека оддржувањето тесни и пријателски односи меѓу Србија и Република Српска во сите сфери на животот е првостепена национална задача, гарант за стабилноста и темел за подобра иднина.

Николиќ во разговорот со Додик ја истакнал неопходноста за приврзаност кон Дејтонскиот договор, додека Додик наведе дека Република Српска ќе продолжи да ја промовира почитувањето на Резолуцијата 1244 на ОН за Косово.