1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Доделувањето на „Греми“ наградите со изненадувања

Наградата на американската музичка индустрија за албум на годината ја добија британските фолк-рокери Mumford & Sons за албумот „Babel“. Веројатно најсреќни, меѓутоа, беа момчињата од Fun.

За својот хит „We Are Young“ рок-бендот Fun. (фото горе) доби награда за песна на годината. Групата успеа зад себе да ги остави конкурентите како Ed Sheeran („The A Team“), Miguel („Adorn“), Carla Rae Jepsen („Call Me Maybe“) и Kelly Clarkson („Stronger“). Освен тоа, Греми наградата во категоријата „Newcomer“ на годината отиде исто така во рацете на момчињата од Fun.

Греми за најдобар сингл доби белгиско-австралискиот пејач Gotye за „Somebody That I Used To Know“. Дури четири награди годинава освои Dan Auerbach, пејач и гитарист на рок-бендот Тhe Black Keys. Тој е прогласен за продуцент на годината и, меѓу другото, доби награди за најдобра рок-песна „Lonely Boy“, како и за рок-албум „El Camino“. Пејачката Kelly Clarkson со „Stronger“ ја освои наградата за најдобар поп-албум.

Grammy Preisverleihung 2013

Од презентацијата на наградата за албум на годината

Педесет и петтото доделување на најзначајната музичка награда на светот го отвори кантри-пејачката Taylor Swift. Меѓу првите добитници на награди беше и британската пејачка Adele, која за „Set Fire to the Rain“ доби награда за најдобар поп-соло настап. Минатата година таа доби дури шест награди, меѓу кои и таа за песна на годината за хитот „Rolling In The Deep“.

Годинава беа доделени повеќе од 80 награди. Награда доби и Paul McCartney. Тој освои Греми за најдобар традиционален поп-албум за својот „Kisses On The Bottom“. Ова е веќе 15-та Греми награда за бившиот Битлс, но прва за негов соло албум.

Својата прва Греми награда воопшто во Лос Анџелес годинава ја освои канадскиот рапер Drake, кој со „Take Care“ го има најдобриот рап-албум. Kanye West и Jay-Z добија награди за најдобра рап-песна и најдобар рап-настап.

Grammy Preisverleihung 2013

Камбек полн со елеганција - Justin Timberlake

На доделувањето на Греми наградите свој камбек имаше пејачот Justin Timberlake. Во црн костум со вратоврска-пеперутка тој ја изведе песната „Suit & Tie“, објавена во јануари. Аплауз за својот настап во Лос Анџелес тој доби од ѕвезди како Jennifer Lopez, Nicole Kidman, Beyoncé, Sting und Katy Perry.