1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доделени наградите на иранскиот весник

Во Иран се доделени наградите за спорниот конкурс за карикатури поврзан со Холокаустот. Министерот за култура Мохамед Хусеин Сафар Харанди, во средата првата награда му ја предаде на претставник на мароканскиот графичар Абделах Деркауи. Вората награда рамноправно ја делат еден Бразилец и еден Французин чие име се држи во тајност. Конкурсот го објави ирански весник како реакција да данските карикатури

Техеран

Техеран

поврзани со Мохамед.

Еден израелски кран поставува бетонски блокови за ѕид околу џамијата Ак Акса во Ерусалим, а врз делови од ѕидот се гледа концентрациониот логор Аушвиц. Овој цртеж на Мароканецот Абделах Деркауи на конкурсот во Техеран ја освои првата награда со паричен износ од околу 9 ипол илјади евра.

Втората награда ја доби Бразилец чиј цртеж покажува Палестинец во сино-сива униформа, на чии гради е нацртана полумесечина, додека во заднината се наоѓа израелскиот граничен ѕид околу палестинските подрачја. Третиот цртеж прикажува Рабин опколен со мртовечки глави и гледа во огледало. Неговата слика во огледалото покажува човек во униформа на Ес-Ес.

Името на францускиот носител на наградата не е спомнато, зашто, според изјавите на организаторот, поради негирање на геноцидот на нацистите врз Евреите, во Франција мора да страхува од затворска казна.

Иранскиот министер за култура Сафар Харанди при доделувањето на наградите го пофали иранскиот претседател Ахмадинеџад, зашто го оцени Холокаустот како мит. „Нашиот претседател беше најхрабриот човек кој се бори за слобода и кој ја започна дебатата без да страхува за последиците„ изјави министерот и додаде:„Табуто сега е скршено. Луѓето не треба да мислат дека ќе бидат казнети ако го стават под прашалник Холокаустот„.

Еден организатор на конкурсот подвлече дека паричните награди за карикатурите не се од иранската влада, но не кажа кој е финансиерот.

Како одговор на карикатурите за Мохамед објавени во Данска, иранскиот весник „Хамшари„ објави конкурс за карикатури за Холокаустот. Вкупно беа испратени илјада и 200 цртежи од Иран и странство.