1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Доделени наградите за најдобар блог

Дојче веле во рамките на манифестацијата Глобал медиа форум ги награди добитниците на меѓународниот натпревар за најдобар блог „The BOBs“.

Главната награда на натпреварот за најдобар блог „The BOBs“ му беше доделена на иранскиот новинар и блогер Араш Сигарчи. Тој во блогот „Window of Anguish“ (македонски: „Прозорец на стравот") на персиски и на англиски јазик информира за социјални и политички теми во неговата татковина Иран. Особено внимание притоа посветува на состојбата со човековите права.

Во категоријата „Special Topic Award Education and Culture“ жирито го награди блогот „Fasokan“. Со наградата „Best Social Activism Campaign“ се закити сириската блогерка и активистка Шери Ал Хајек од Фејсбук страницата „Free Syrian Blogger & Activist Razan Ghazzawi“. Носител на наградата во категоријата „Best Use of Technology for Social Good“ е Ребека Чио со „Harassmap“ од Египет. За најдобар видео канал беше награден „Kuang Kuang Kuang“ на Ванг Бо (Псевдоним: Пи Сан).

Наградата на Репортери без граници ја освои новинарката од Бенгали Абу Судиан. Дојче веле со натпреварот „The BOBs“ се залага за меѓусебно разбирање на интернет.