1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Доделени „Греми“ наградите

Од центарот „Стејплс“ во Лос Анѓелес со статуетки си заминаа легенди како Роберт Плант и Брус Спрингстин, но и младите Адел и Џенифер Хадсон.

default

Џенифер Хадсон, која едвај успеа да ги задржи солзите на 51-те „Греми“ награди

Британецот Роберт Плант, поранешниот фронтмен на „Лед Цепелин“ и Американката Елисон Краус добија пет награди - за аудио запис на годината, како и за категориите поп, фолк/американа и кантри музика и најдобар албум на годината за плочата „Raising Stand“.

Robert Plant und Alison Krauss, Grammy 2009

Роберт Плант и Елисон Краус со пет статуетки

Како најдобар млад изведувач е наградена Британката Адел, додека британската група Колдплеј зеде три награди, меѓу кои онаа за песна на годината за „Viva La Vida“. Со три статуетки во рацете си отиде и Лил Вејн, додека рок-ветеранот Брус Спрингстин ја додаде деветнаесеттата „Греми“ на своето конто.

Американката Џенифер Хадсон, пак, ја доби првата „Греми“ награда во својата кариера - „Греми“ за најдобар „аренби“ албум за остварувањето „Jennifer Hudson". Црномурестата 27-годишна пејачка пред неколку месеци доживеа голема семејна трагедија, во која беа убиени мајка и`, братот и внукот, а за убиствата беа обвинети поранешниот сопруг на нејзината сестра. Инаку Хадсон е веќе добитник на „Оскар“ за најдобра споредна улога во филмот „Дримгрлс“.

Со „грамофонче“ се закити и Берлинскиот филхармониски оркестар, како и Берлинскиот радиски хор, кои ја добија наградата за најдобра хорска изведба. Тие беа наградени за интерпретацијата на „Симфонијата на псалми“ од Игор Стравински. Уште една награда отиде во германски раце - композиторот Ханс Цимер беше награден за саундракот за филмот за Бетмен „Темниот витез“.