1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Доделена награда на градот Ахен

*

Мировната награда на градот Ахен за 2007 година е доделена на колумбиското мировно село Сан Хозе де Апартадо како и на детскиот циркус од Ахен, Пинокио. Претседателот на одборот за доделување на мировната награда Отмар Штајнбикер ги истакна напорите и заложбите на носителите на наградата против насилството и за човековите права – Жителите на Сан Хозе де Апартадо пред десет години донесоа одлука да му се спротивстават на насилството во Колумбија, додека циркусот Пинокио во текот на летниот период го минува времето во поранешните кризни региони на Балканот.