1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Доделена е Нобеловата награда за хемија

Годинешни добитници се Американецот Ричард Хек и јапонските научници Еи Ичи Негиши и Акира Сузуки, за достигнувања во областа на органската синтеза, особено за откривањето нови начини за врзување на атомите на јаглерод.

default

Од лево кон десно: Ричард Хек, Еи Ичи Негиши и Акира Сузуки

Со хемиските реакции до кои дојдоа Ричард Хек, Еи Ичи Негиши и Акира Сузуки се добиваат сложени соединенија од јаглерод, кои денес се користат за производство на нови лекови, како и други револуционерни материјали, како пластиката. Основа за формирањето на ваквите сложени природни соединенија е јаглеродот. Меѓутоа, со оглед на тоа што врзувањето на неговите атоми е многу тежок процес, тројцата научници користат паладиум, како средство за врзување на јаглеродните атоми. Крајниот резултат е соединение, кое претходно се среќаваше само во природата.

Што повеќе луѓе слободно да бараат примена за откритието

Flachbildfernseher im Daewoo Plasma Display Aquarium Internationale Funkausstellung Berlin 2003

Со откритието на тројцата научници до соединенија досега познати само во природата

Јапонскиот научник Негиши ја пречека веста за добивањето на Нобеловата награда сосема сталожено, среќно и нималку изненадено. „Веќе се шепотеше дека ние ќе ја добиеме наградата“, истакна тој во телефонскиот разговор со Кралската академија во Стокхолм. Негиши е моментално во американската држава Индијана, а понатаму во телефонскиот разговор истакнал дека е екстремно среќен и горд и дека неговиот дел од паричната награда ќе го примени за натамошни истражувања.

„Намерно не поднесов барање за патентирање на моето откритие. Треба што повеќе луѓе да се чувствуваат слободно да бараат соодветни начини за примена на резултатите од нашето истражување“, дополни Негиши.

„Тоа е типичен развој на едно истражување, каде во почетокот практичната примена не беше толку распространета. Меѓутоа, денес откритието на тројцата научници секојдневно се применува во индустриското производство“, истакнува професорот Алоис Фирстнер од институтот Макс Планк.

Таканаречената Хек-реакција, на пример, се применува за производство на кремови за сончање, додека со таканаречената Сузуки-реакција се добиваат течни кристали, неопходни за модерните екрани и светлечки диоди.

Автор: ТТ/БГ/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска