1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Договор со ММФ од повеќекратна полза

Македонија и ММФ склучија нов договор по четиригодишна пауза. Станува збор за кредит за претпазливост во висина од речиси половина милијарда евра. За што ќе се трошат овие пари?

default

Седиштето на Меѓународниот монетарен фонд

ММФ и става на располагање на Македонија 480 милиони евра во наредните 24 месеци. Мисијата на Фондот и Владата во Скопје склучија нов договор. Станува збор за кредитна линија за претпазливост, сума што не мора да биде повлечена освен во ситуации кога поради одредени шокови на земјата би и биле потребни пари за реализација на буџетот.

„Мисијата смета дека политиките на властите во оваа област се здрави и силни и се цврста основа за оваа кредитна линија. За да се обнови ќе се врши контрола на секои 6 месеци. Не постојат критериуми за извршување или структурни репери какви што ги има во стандардните стенд бај аранжмани. Ова е кредитна линија за осигурување. Ако работите се одвиваат како што се очекува Македонија нема да има потреба да ги повлекува средставата“, изјави шефот на Мисијата за Македонија Вес Мек Гру.

Mazedonien Land und Leute Finanzminister Zoran Stavreski

Министерот за финансии на Македонија, Зоран Ставревски задоволен од договорот со ММФ

Јасен сигнал до странските инвеститори

Македонија е прва земја членка на ММФ што користи ваква кредитна линија. За властите претставува потврда дека земјата води здрава економска политика. Аранжманот не ја исклучува можноста Македонија да издаде и еврообрврзница. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски рече дека договорот со ММФ и носи две придобивки на земјата.

„Ползата од овој договор е повеќекратна. Прво ни носи осигурување доколку нашата економија е изложена на одредени шокови од било каков карактер, а од друга страна испраќаме јасен сигнал до странските инвеститори и кредитори дека ММФ верува во нашата економија“.

Mazedonien Land und Leute

Договорот е поволен, смета Гувернерот на Народна банка на РМ, Петар Гошев

Позитивен настан

Македонија за наредната година проектира инфлација од 3, економски раст од 3,5 проценти и буџетскиот дефицит од 2, 5 проценти. Можните ризици се лоцирани надвор во евентуална нова криза во некоја европска земја која би се одразила врв Македонија. Монетарните власти го поздравија склучувањето на аранжманот што ќе ја гарантира стабилноста на македонската економија. Гувернерот Петар Гошев кажа:

„Договорот е многу добар и ова е позитивен настан. Македонија е подготвена за нови задолжувања. Договорот е поволен и за монетарната политика која ќе може да остане на оваа релаксирано ниво“,

Експертите порачуваат внимателно да се троши новиот заем. Нивната девиза е дека и ефтините пари се скапи ако не се потрошат како што треба. Се очекува одлуката за доделување на креди за Македонија да ја потврди Бордот на директори на ММФ во јануари наредната година.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски