1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Договор нема - БиХ останува без 47 милиони евра од ЕУ

Лидерите на политичките партии од Босна и Херцеговина уште еднаш го напуштија Брисел без договор. Од Европската комисија најавуваат покренување суспензија на 47 милиони евра од претпристапната помош за земјата.

Иако Европската комисија очекуваше дека денеска (10.10.), врз основа на конкренти предлози, ќе се финализира договорот за барем едно прашање кое го кочи напредокот на БиХ на патот кон ЕУ, босанските политичари ниту овојпат во Брисел не најдоа заеднички јазик. Затоа еврокомесарот Штефан Филе донесе одлука за покренување постапка со која за 47 милиони евра ќе се намалат фондовите за претпристапна помош за БиХ.

„Механизмот за суспензија на програмата е активиран, но проектите ќе бидат вратени во игра, доколку дојдеме до решение со ЕК во наредните неколку дена“, изјави по завршувањето на состанокот во Брисел, претседателот на ХДЗ 1990, Мартин Рагуж.

Во Брисел е соопштено дека поради непостоењето на договор е откажана најавената конференција за новинарите на европскиот комесар и водачите на седумте главни политички партии и премиерот на централната влада во Сараево, Република Српска и Федерацијата на БиХ.

Се очекуваше дека на денешниот состанок ќе биде потпишан конечен договор за спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права за случајот „Седиќ-Финци“ со цел да се воспостави рамноправност на сите граѓани и дека секој, без оглед на етничката припадност, ќе може да биде избиран во Претседателството на БиХ и Народниот дом.