1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Договор за уставните измени

Лидерите на најголемите политички партии во Македонија постигнаа договор за уставните измени. Цензусот за избор на претседател во вториот круг е намален на 40 проценти, од следните избори ќе гласа и дијаспората.

default

Конечно е постигната согласност за клучните измени

Шефовите на четирите најголеми политички партии на синоќешната средба (07.10.2008) во Скопје постигнаа договор за промените во изборниот законик и на уставот, во делот за изборот на претседател на државата. Потврдено е следните претседателски избори да бидат одржани заедно со локалните, на 15. март. Тие ќе бидат нов тест за демократските и институционалните капацитети на Македонија, што го бара ЕУ.

Партиските лидери, во чии изјави можеше да се прочита доза на задоволство, покажаа дека може да се постигне согласност меѓу власта и опозицијата. Изборниот законик ќе влезе во итна собраниска процедура.

Цензус од 40 проценти во вториот круг за претседателски избори

Минимумот излезени гласачи за избор на претседател на државата во вториот изборен круг, според договорот на партиските лидери, ќе изнесува 40 проценти. Македонскиот премиер Никола Груевски остави отворена можност до усвојувањето во Собранието, партиите да размислат за намалување цензусот на 33 проценти.

Wahlen in Mazedonien

Следните избори ќе бидат во март

Новиот претседател со тоа ќе има легитимитет пред сите граѓани, а во исто време со тоа се прифаќаат препораките од ОБСЕ и ОДХР, реагираше в.д. лидерот на СДСМ , Зоран Заев.

Цензусот од 40 проценти е добар, со него и Албанците ќе можат да одлучуваат за изборот на нов претседател на државата, смета шефот на ДПА, Мендух Тачи.

Дијаспората ќе избира тројца пратеници, по еден од Европа, САД и Австралија, но, од претседателските и парламентарани избори во 2012 година, зашто е потребно време за извршување на сите подготовки. Шефовите на партиите договорија претседателот на ДИК да го предлага опозицијата, на што инсистираше опозициониот СДСМ.

Според премиерот Никола Груевски, тоа е чин на добра волја од страна на власта, која сака да ја зголеми довербата во изборниот процес.

Отпаднаа некои идеи

Отпаднаа идеите идниот претседател на државата да го избира Парламентот и да се воведе функцијата потпретседател, што по автоматизам би бил Албанец од Македонија.

Засега нема да има десет загарантирани мандати во Собранието, што би ги предлагале и избирале петте помали етнички заедници: Срби, Турци, Роми, Бошњаци и Власи.

DW.COM

Поврзана содржина