1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Договор за помирување меѓу Хамас и Фатах

Палестинските организации Хамас и Фатах се договориле за меѓусебно помирување. Преговорите меѓу ривалските организации се водеа со посредство на Египет.

Радикално-исламската палестинска организација Хамас најави одлучувачки пробив во помирувачките преговори со движењето Фатах, кое е поддржувано од Западот. Информацијата стигна од бирото на шефот на Хамас, Исмалил Ханија, но не содржи никакви детали околу спогодбата. Од страна на Фатах најавиваат во текот на денот да соопштат повеќе поединости на прес-конференција во Каиро.

Разговорите, кои беа водени со посредство на Египет, во фокусот ја имаа целта Појасот Газа, со кој владее Хамас, да биде ставен под контрола на палестинската влада на чело со Махмуд Абас. Абас владее во Западниот Брег, област окупирана од Израел.  Меѓу двете палестински организации со децении владеат конфронтации и непријателства.  Хамас пред десет години преку вооружена борба успеа да се наметне во Појасот Газа против умерениот Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.  Радикалниот Хамас, по Фатах, е најголемата палестинска организација, а од страна на САД  и на ЕУ е квалификуван за терористичка група. Владата на Абас е меѓународно призната. Во септември Хамас најави дека ја кани владата на Абас да дојде во Појасот Газа и веднаш да ги преземе своите задачи. Во тоа време изјавата беше примена со скепса, зашто претходно пропаднаа бројни преговарачки обиди. Во Појасот Газа живеат околу два милиона луѓе. Посебно контроверзна тема останува иднината на вооруженото крило на Хамас, на кое припаѓаат околу 25.000 борци, а исламистите истакнаа дека по ова прашање не се спремни на никаков компромис.

 

DW.COM