1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Договор за платите во челичната индустрија

Во челичната индустрија која доживува бум, синдикатот на металците во Германија и работодавачите се согласија за тарифното зголемување на платите. Во спротивно се закануваше одржување штрајк на вработените за што во синдикатот веќе беше постигнат договор.

По седумчасовни преговори на различни нивоа, понуди и противпредлози, беше постигнат посакуваниот договор. Шефот на преговарчкиот тим на синдикатот на металците Детлеф Венцел:

„Се согласивме за зголемување на платите за 3 ипол насто во текот на една година. Пред истекот на тој рок е предвидена фаза од пет месеци во која еднократно ќе бидат исплатени по 500 евра„.

Од аспект на синдикатот е важно што работодавачите во челичната индустрија уште еднаш го подобрија процентуланото покачување на платите. Тоа значи подобрување на примањата на вработените на долг рок. Решавачко од аспектот на фирмите: заканувачкиот штрајк што би бил прв по 27 години, е спречен буквално во последната минута. Претседателот на сојузот на работодавачите во челичната индустрија Хелмут Кох изјави:

„Најдовме компромис. Конечно и под притисок од ескалација на работничката борба што ќе се случеше наскоро. Мислам дека можеме и мораме да живееме со овој договор„.

На германската челична индустрија и оди извонредно, што беше најголемиот адут на синдикатот на металците. Во индустријата се случува бум. Фирми како Тисен – Круп или Залцгитер највуваат нова рекордна година. Во ова година се очекува добивка од 2,1 милијарди евра. Веројатниот неколкунеделн штрајк ќе водеше кон огромни загуби. Синдикатот пак, бараше и работниците да добијат дел од профитот, а не само акционерите, и успеа во тоа. Повторно Детлеф Вецел:

„Задоволни сме. Сметаме дека 3 ипол насто се убав успех без пример во земјата. Ниту една бранша не успеа да биде ниту блиску до таков тарифен договор.

Постигнатиот договор ќе важи за 85 илјади вработени во германската челична индустрија во Северна Рајна Вестфалија, Бремен и Долна Саксонија, каде што се прозиведуваат 90 насто од германскиот челик. Останува уште договорот да го одобри тарифната комисија на синдикатот во што никој не се сомнева.