1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Договор за нови преговори со Иран

Иран и светските сили се договорија да одржат подлабочени разговори на состанокот во Багдад наредниот месец. На разговорите во Истанбул за нуклеарната програма на Иран двете страни беа единствени како ретко кога досега.

Разговорите беа први по повеќе од една година, а дополнителните разговори би можеле да бидат клучен чекор кон отстранувањето на стравувањето на западните нации дека Техеран може да ја искористи својата нуклеарна програма за изработка на оружје. Кокретен одраз на напредокот е договорот за повторна средба на 23 мај во Багдад, место предложено од Иран.

На разговорите во Истанбул на иста маса учествуваа САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, а од другата страна Иран. Знаејќи дека она што претстои ќе оди тешко, двете страни се фокусираа на, како што рекоа, позитивниот тон во разговорите, за разлика од претходната рунда разговори пред 14 месеци.

Türkei Istanbul UN Sicherheitsrat Beratungen Iran Atomgespräche April 2012

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу (десно) со иранскиот главен преговарач Саед Џалили (лево)

Шефицата на надворешната политика на ЕУ Кетрин Ештон, која формално ги водеше разговорите во име на шестте сили, оцени дека средбата била конструктивна и корисна. Таа изрази надеж дека тие ќе доведат до „одржлив напредок преку сериозен дијалог, при што би се преземале ургентни практични чекори за градење доверба и што би довело до усогласување на Иран со сите негови меѓународни обврски“.

Иранскиот главен преговарач Саед Џалили рече дека преговорите довеле до „одреден напредок“, но нагласи дека постојат „одредени точки на разлика“. „Она што го видовме во разговорите е дека постои интерес кај другата страна за разговори и соработка, што се смета како позитивно“, рече тој пред новинарите.

Иран да направи конкретни чекори

Од Лондон се огласи британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг, кој рече дека разговорите биле „прв чекор“ во насока на притисокот на шестте нации за наоѓање на „мировно решение преку преговори за иранското нуклеарно прашање“, додавајќи дека до тоа решение претстои уште долг пат.

И Белата куќа го поздрави „позитивното однесување“ од Иран и светските сили, но заменик-советникот за национална безбедност Бен Роудс го повтори повикот на Вашингтон до Техеран да преземе „конкретни чекори“.

Конкретни чекори бара и официјален Париз. „Иран мора ургентно со конкретни гестови да воспостави доверба“, рече францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе во изјава од Париз.

Иран бара укинување на санкциите

Türkei Istanbul UN Sicherheitsrat Beratungen Iran Atomgespräche April 2012

На вчерашните разговори е договорено продолжението да се случи на 23 мај во Багдад

Сепак, Иран се надева дека разговорите можат да доведат до одложување на санкциите кои ги погодуваат неговите приходи од продажба на нафта.

„Отстранувањето на санкциите е едно од барањата на иранската нација“, рече преговарачот Џалили.

Сепак, анонимен американски дипломат информира дека во блиска иднина тоа нема да биде ставено на преговарачката маса, иако за време на разговорите во Истанбул станало јасно дека тие имаат сериозно влијание.

За меѓународната заедница, а посебно за Израел, главна грижа претставува зголемениот капацитет на Техеран за збогатување ураниму, кој може да се искористи за мировни цели, но исто така и за подготовка на нуклеарно оружје.