1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Договор за еконосмка соработка на двете Кореи

*

Шефовите на влади на Северна и Јужна Кореа, Ким Јонг Ил и Хан Дук Со на крајот на разговорите во Сеул договорија повеќе економски проекти. На 11 декември треба да биде воспоставена железничка линија. Двете страни се согласија во текот на наредната година да договрат заедничка зона за рибарење во водите на Жолтото Море. Во овој дел во 1999 и 2000 година дојде до повеќе судири на борбени бродови од двете страни. Јужна Кореа исто така најави учество во реконструкцијата на главните авто патишта и железнички линии во Северна Кореа.