1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Договор за Деловникот - конечно!

Владеачкото мнозинство и опозицијата во македонскиот парламент постигнаа договор околу измените на Деловникот. ВМРО-ДПМНЕ го прифати барањето на опозицијата да предлага точка на дневен ред на секоја втора седница.

default

Останува да се усогласат нијансите околу формирањето на тело кое ќе го контролира трошењето на буџетските пари.

СДСМ бара на истата собраниска седница, на која ќе се донесе Деловникот, да биде донесена и одлука за формирање на постојано работно тело за контрола на буџетските пари. ВМРО-ДПМНЕ предлага да се формира поткомитет во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, која ќе ја има надлежноста за регулирање на овие прашања.

„ВМРО-ДПМНЕ го поддржува принципот за воведување на механизам за контрола на трошење на парите. ВМРО-ДПМНЕ ќе го воведе за првпат во овие 20 години во парламентарна пракса овој механизам не поради уцената од СДСМ, туку поради сопствените принципи“, изјави денеска пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека до закажувањето на седницата на парламентот, на чиј дневен ред ќе бидат ставени точките за Деловникот и Анкетната комисија, ќе бараат да продолжат координациските средби, на кои ќе се усогласат разликите во нијансите.

Автор: ЕМФ/миа/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски