1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Договор за воздушен сообраќај меѓу ЕУ и САД

По повеќегодишни натегања,ЕУ и САД се усогласија околу нов договор за воздушниот сообраќај.Ерокомесарот за сообраќај Жак Баро во Брисел изјави дека договорот ќе стапи во сила во март 2008 година.Целта е преку поголема конкуренција да биде зголемен бројот патници на трансатланските релации,а цените на летовите да се намалат.Се предвидува отворање на аеродромите во ЕУ и во САД за меѓународни летови.Договорот може да биде потпишан на следниот самит на ЕУ и САД кон крајот на април.