1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Договор ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со позитивен резултат го завршија политичкиот идјалог, се вели во заедничката писмена изјава по средбата во Скопје. Лидерите на двете партии Никола Груевски и Али Ахмети дебатираа за теми од обостран интерес и се заложија за имплементација на договореното. Станало збор за 46 закони, како и за комитетот за односи со заедниците што ќе биде рекомпониран со плус еден член од СДСМ. Политичкиот дијалог меѓу двете партии ќе продолжи во области за кои е потребен консензус, меѓу нив и за имплементацијата на Охридскиот договор. Постигнатиот договор го поздравија мисијата на Европската унија и американската амбасада во Скопје како битен чекор во однос на интегративните процеси на Македонија кон НАТО и Унијата.