1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Договорот со Иран - Трамп ѝ контрира на ЕУ и си игра со светскиот мир

Американскиот претседател Трамп би можел да го раскине нуклеарниот договор со Иран. Што би значело тоа за Европа?

Интелегенцијата веќе не е пресудна

Американскиот претседател има нов проект: споредба на сопствената со интелигенцијата на министерот за надворешни работи, Рекс Тилерсон. Можеби истово би требал да го проба и со првиот дипломат на Европската унија, Федерика Могерини. Како тоа би завршило? „Тоа навистина е едноставно", вели експертот за Блискиот Исток од Брисел, Керт Дебуф, и се смее под мустаќ. На Могерини триумфот во интелегенцијата многу не би ѝ користел, доколку САД навистина го раскине нуклеарниот договор со Иран. Во тој случај Трамп дефинитивно би ја напуштил високата школа на дипломатијата во корист на мерење мускули во атомската игра. Главната компетенција на Европејците - барањето компромис - би била бескорисна. Или кажано со зборовите на европски дипломат кој сака да остане анонимен: „Пораката би била: Не преговарајте! Пред сѐ не со Западот, и онака не си ги исполнува ветувањата!"

Не постои веќе Запад"

Европејците сакаат да го одржат договорот со Иран, без разлика на постапките на САД. „Му припаѓа на меѓународната заедница", рече Могерини по еден исклучително непријатен разговор во кој беа вклучени и Американците на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк. Но, ако Трамп го раскине договорот и воведе нови санкции против Иран, а Европејците се држат до договорот, се губи еден важен аспект на светскиот поствоен поредок: единството на Западот. Експертот Дебуф смета дека ЕУ во никој случај не смее да продолжи како до сега. „Европа би требала повеќе да инвестира во Иран. Тоа е важно за кредибилитетот на Европа и за реформаторските сили на лице место". Стрес со Трамп би бил програмиран, веројатно и американските санкции против европски фирми кои имаат зделки со Иран.

John Kerry in Brüssel mit Federica Mogherini (picture-alliance/dpa/Y.Pingfan)

Екс-американскиот министер за надворешни работи Џон Кери и Федерика Могерини

Европа станува посилна и послаба истовремено

Само како претпоставка: Американците го раскинуваат најголемиот дипломатски успех од изминатите децении - притоа атомски договор кој функционира - и никој потоа веќе нема да ги сфати сериозно. Европејците од друга страна се единствениот гарант за стабилност, интегритет и кредибилитет. Тоа секако ќе донесе голем аплауз и вербални пофалби од цел свет. Но, реалноста е поинаква. Џамшид Фаруги од редакцијата на Фарси на ДВ: „Никој од Иран зад затворени врати веќе не верува дека Европејците без учество на САД би можеле било што да постигнат." Без  воената моќ на САД на своја страна, преговарачките способности на ЕУ се далеку помалку вредни. Двете сили пред сѐ функционираат како тандем. За Европа тоа значи: многу углед, малку влијание.

Федерика Могерини го губи својот најголем успех

Како се чувствува високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ со оглед на актуелната состојба можеше да се забележи на Генералното собрание на ООН. На прес-конференцијата по средбата на тема Иран повеќепати се мрштеше. Подтекстот беше јасен: Могерини беше лута. Нејзиниот тим тоа го нарекува „одлучна". Дипломатката секако не е единствената која е одговорна за 12-годишните успешни преговори. Но, таа е нивниот заштитен лик. Ако нејзиниот углед претрпи штета, ЕУ уште помалку ќе ја сфатат како надворешнополитичка единка отколку што е тоа и до сега случај. „Банално кажано, Европејците моментално се добрите, а Американците лошите", вели Фруги во врска со постоечките слика во Иран. Но, при неуспех на европската дипломатија би можело повторно до израз да дојдат поединечните држави.

Европа не е во добро соседство

Со Путин на истокот, сирискиот конфликт на југоисток и Либија, Европа во последно време и не беше благословена со особено пријатни соседи. Ако Иран веќе не се чувствува обврзан со Договорот за атомско разоружување, бидејќи САД го напуштаат, ситуацијата ќе стане уште понепријатна. Тогаш договорот за Иран веќе не би бил основата за можни преговори со Северна Кореја. „Тоа што го прави Северна Кореја е пример за владата во Иран", смета Џамшид Фаруги. Со други зборови кажано: атомско наоружување наместо разоружување во Иран и натамошна дестабилизација за целиот регион. Тогаш во прашање е многу повеќе отколку само Европа. "Се работи за светскиот мир" вели Дебуф и додава: „Мораме многу сериозно да го сфатиме Иран и да го одржиме дијалогот". Порака која очигледно уште не стигнала до американскиот претседател Доналд Трамп.
 

 

 

 

DW.COM