1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Договорен буџетот на Унијата

Лидерите на Унијата на самитот во Брисел го усвоија буџетот за периодот 2007-2013

default

Два дена жестока расправа, дискусии, билатерални разговори им беа потребни на лидерите на Унијата да најдат компромисно решение за проблемот со финансирањето на буџетот за периодот 2007-2013. Пресвртот се случи откако Велика Британија го престави последниот предлог. Буџет вреден 863,2 милијарди евра и согласност за намалување на британскиот рабат за 10,5 милијарди во наредните седум години. Премиерот Тони Блер нагласи дека ваквиот потег е во насока на договор кој ќе и овозможи на Европа да оди напред:

„Рабатот го задржуваме за сите издатоци освен за оние за економскиот развој на новите земји членки на Унијата. Но се разбира дека е јасно дека и ние нашиот дел го управуваме како и другите земји со речиси иста големина за трошоците на проширувањето„ рече Блер

Значајна улога во постигнување на договорот одигра германската канцеларка Ангела Меркел, која на неколкупати за време на самитот се среќаваше со Тони Блер и Жак Ширак во обид да се најде решение. Меркел е задоволна од структурата на новиот буџет на Унијата:

„Верувам исто и во комбинација на развојните фондови и она што ние на други места го добивме. Тоа е резултат што ние на нашиот министер за финансии со добра совест можеме да му го презентираме„

Конкретно, доделени се 300 милиони евра за регионално унапредување за источните германски покраини а кон ова се надополнуваат и 100 милиони за источните граници на сојузната покраина Баварија

Полскиот премиер Кажимијерж Марчинкијевиќ и неколку други лидери го поздравија напорот на германскиот канцелар Ангела Меркел, која во последен момент понуди дополнителни 100 милиони евра за Полска. Тоа беше прекрасен потег на солидарност, оцени полскиот премиер.

Причина за задоволство има и францускиот претседател Жак Ширак:

„Овие преговори покажаа дека соработката меѓу Германија и Франција функционира перфектно, тоа е важно за нас и за цела Европа„ рече Ширак