1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Договорена меѓународна конференција за граѓанската војна во Конго

Францускиот и британскиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер и Дејвид Милибанд по разговорите во регионот издејствуваа свикување меѓународната конференција со учество на претседателите на Конго и Руанда.

default

Колона бегалци од регионот во кој се водат борбите на истокот на Конго

По средбите со Претседателите на Конго и на Руанда, Јозеф Кабила и Паул Кагаме, првите дипломати на Франција и Велика Британија оценија дека станува збор за први резултати, што можат да го отворат патот за надминување на кризата. Охрабрувачки сигнал е тоа што претседателите ветиле дека ќе дојдат на меѓународната конференција во главниот град на Кенија, Најроби. Поддршка за конференцијата дојде и од Организацијата на Африканската Унија, посочи евро-комесарот за развојна политика Луј Мишел, кој деновиве исто престојува во кризниот регион.

Felipe Perez Roque und Louis Michel in Havanna

Еврокомесарот за развојна политика, Луј Мишел (лево) при неодамнешна средба со кубанскиот министер за надворешни Рок

„На таа конференција и’ е потребен конкретен план, зацртана цел, механизми за надгледување на договореното, како и добра политичка волја на учесниците. Уверен сум дека нешто ќе се придвижи“ - порача Луј Мишел. За сега е меѓутоа нејасно дали на конференцијата ќе се појави и водачот на бунтовниците во Источно Конго, генерал Лорен Нкунда.

Длабоки корени на актуелната криза

Корените на сегашните оружени судири меѓу армијата на Конго и бунтовниците се протегаат до граѓанската војна и геноцидот во соседна Руанда во 1994-та година. Во крвавиот воен конфликт меѓу припадниците на племињата Хуту и Тутси тогаш животот го загубија околу 800.000 лица.

Völkermord Friedhof Ruanda

Гробишта во околината на главниот град на Руанда, Кигали со жртви од масакрите во 1994-та година

По масакрите повеќе илјади припадници на Хуту милициите се сокрија преку границата во соседно Конго. Водачот на бунтовниците, генералот Лорен Нкунда, инаку припадник на ривалското Тутси племе, во меѓувреме се прикажува како заштитник на редот:

„Се залагаме за безбедност во Источно Конго. Армијата на Конго соработува со милитантните Хуту-екстремисти и тие го загрозуваат нашето население. Тие се одговорни за страдањето на населението“ - обвини генералот Нкунда, кој се крие во околината на градот Гома, околу кој се водат најжестоките борби.

Неопходен сеопфатен договор меѓу Конго и Руанда

Kämpfe im Kongo

Ќе го положи ли оружјето: борец од бунтовничкото движење на генералот Нкунда во околината на градот Гома

Владата на Конго навистина претходно се обврза избеганите Хуту милиоционери да и’ ги испорача на Руанда, но сега бара прво разоружување на бунтовниците од ривалското племе на Тутсите. Експертите на Меѓународната кризна група гледаат можност за надминување на конфликтот само преку сеопфатен договор меѓу владите на Конго и соседна Руанда, во кој ќе се расчистат и старите сметки меѓу племињата.