1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Довидување „мистер евро“!

Луксeмбуршкиот премиер Жан Клод Јункер понуди оставка на својата влада поради аферата со тајната служба. Со овој чекор тој отвора пат за нови избори, на кои омилениот политичар повторно има добри шанси.

„Во Луксембург ќе бидат одржани предвремени избори“, најави синоќа (10.07) луксембуршкиот премиер. Најголем дел од пратениците во парламентот се на мислење дека новите избори се вистинскиот потег, затоа нив и ќе ги има, истакна Јункер.

Тоа е патот со кој тој си го спасува образот, а истовремено ја решава и политичката криза во земјата: наместо да поднесе оставка, како што бараше опозицијата, Јункер го ослободува патот за одржување нови избори уште во текот на оваа година.

„Се‘ уште не сум осуден на смрт“

Луксембуршкиот премиер притоа има добри шанси повторно да ја состави новата влада, барем според актуелните анкети на јавното мислење. Јункер самиот вели: „Сметам оти се‘уште не сум осуден на смрт, ниту на казна долгогодишен затвор“, па смета дека има право да стои на рапослагање.

На располагање- без признавање на вина, што од него побара опозицијата, но и повеќегодишниот коалиционен партнер . Алекс Бодри, шеф на коалиционите Социјалдемократи, внимателно го слушаше двочасовниот говор на Јункер во парламентот: „Јункер призна. Тој без двојба ја запоставил обврската за контрола над тајната служба, зашто немал доволно време за тоа, не донесол одлука за преземање на неопходните организаторски мерки во државното министерство за организација на контролата. Тој не следеше што се случува со неговите инструкции и дали навистина се применуваат. Значи, постојат редица потфрлања, кои според мене, се и лични“, истакна Бодри.

Јункер се сопна, но не падна

Но, за одговорноста на Јункер во скандалот со тајната служба сега треба да решат избирачите. Угледниот европски политичар се сопна, но не падна поради аферата со тајната служба, во врска со која беше обвинет за лично потфрлување.

Политичарот од Зелените, Феликс Брац, побара дополнителни информации за државата во државата, во што се разви тајната служба. Зашто, не биле прислушувани и шпионирани само Зелените во почетокот на своето постоење, туку и многу други луксембурѓки граѓани. Се‘ што не било строго конзервативно, морало да биде следено.

Јункер најави оставка

Но, тоа е дамнешно минато, вели Брац. За него многу позначајно и поактуелно е однесувањето на тајнатс служба по 2004 година. Оттогаш многу нешта тргнале наопаку, за што се разбира, некој мора да преземе одговрност, а одговорен е Јункер. Тој е „многу популарен во Луксмбург и непобитно има големи продонеси во интерес на земјата“, смета Брац. Но,, според него, Јункер е одговорниот за случувањатаво тајната служба и мора да ја преземе одговорноста.

Во извештај на една истражна комисија нему му се префрлува политичка одговорност дека тајната служба можела да делува според сопствени правила. Околу тајната служба на Луксембург (Service de Renseignement de l'Ètat du Luxembourg (SREL) беше сплетена мрежа од интриги, заговор и недозволени акции на прислушување. И Јункер лично нелегално бил прислушуван од поранешниот шеф на тајната служба.

И покрај овие обвинувања, Јункер се извлекува со потегот за предвремени избори, кои веројатно ќе бидат одржани во октомври.