1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Довербата во берзите се врати

На берзите повторно густ сообраќај: за многу фирми во Европа настапот на берзите повторно стана интересен.

Курсот на берзите повторно нагоре!

Курсот на берзите повторно нагоре!

Само во последниот квартал од минатата година на европските пазари на акции се појавија 200 новајлии. Германија традиционално е застапена, но и во оваа година преку две дузини фирми имаат намера да се појават на берзанскиот паркет.

Голем скок ќе изостане. На пример медиумскиот концерн Бертелсман има намера да се појави на берзата дури во првите месеци на идната година што нестрпливо се очекува, зашто таквото деби има огромно влијание:

„Ако се биде успешно, тоа ќе биде генерален сигнал за пазарите кога се вели: гледај, на берзата доаѓа таков ’дебелко’ и веројатно добро ќе биде примен„, вели брокерот Тобијас Белгер.

Всушност, атмосферата на берзите во моментов е значително подобрена, проценува Белгер:

„Ако погледнеме како се одвиваа работите во изминатите недели и месеци, тогаш работите се одвиваат поволно, а тоа е добро и за нови настапи„.

Според берзанските законтитости, само растечки курсеви и добра клима на берзите можат да бидат предуслов за успех на новајлиите. Во минатата година тоа го направија 14, за годинава влез на берзите планираат 30-тина новајлии. На тој начин берзата исполнува една од нејзините главни задачи: фирмите ќе стекнат нов капитал што потоа можат да го инвестираат во сопствениот растеж.