1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Добро тело по цена на самоуништување

Операција на очни капаци, кршење коски, изгладнување -милиони луѓе одат во екстреми за поубаво тело. Оние кои нема да станат „совршени“, почнуваат да си го мразат телото. Зиддојче Цајтунг пишува за „теророт на телото“.

default

Совршеното тело стана синоним за среќа. Неспособноста за нормален однос кон храната е зголемена до таа мерка што станува невозможно да се однесуваме нормално кон сопственото тело. Тоа важи за многу жени, но и мажите се приближуваат со голема брзина. Во суштина, ние водиме војна со сопственото тело, тоа од пријател се претвори во наш непријател. „Терор на телото“ – така тоа го нарекува Сузи Орбах, една од најпознатите психоаналитичарки во Велика Британија и терапевт на принцезата Дајана додека боледуваше од булимија.

„Ние доживуваме хистерија поради своето тело, која никогаш порано не се појавувала, и потполно е нормално да не го сакаме своето тело. Милион луѓе се срамат од своето тело и се обидуваат секојдневно да се борат против него, бидејќи телото прави да се чувствуваат несигурно. Тоа е огромен проблем и нема врска со вообразеноста“, објаснува Орбах.

За изглед како моделите се кршат и коски

Кинезите одамна вградуваат метална плоча во колковите за да бидат некој сантиметар повисоки, а Швеѓанките кои сметаат дека се превисоки, ги кршат коските во колковите и повторно ги спојуваат. На Фиџи, пак, три години откако дојде телевизијата, многу млади девојки посакаа да имаат фигура како на моделите од Западот; половина млади девојки од Јужна Кореја направија операција на очните

15.04.2009 DW TV Fit und Gesund Magersuecht 1

Трка по убавина до самоуништување

капаци; во Бразил, естетските операции ги покрива државното здравствено осигурување. Во Нигерија, пред осум години, започна манија за држење диети за слабеење, откако за првпат една девојка од Нигерија е избрана за мис на светот. Телесниот фетишизам на индустрискиот свет го освои и последното место на земјината топка.

„Новост е тоа што сите веруваме дека можеме да изгледаме како Анџелина Џоли“, вели Сузан Озбах и „уште повеќе од тоа, тоа и се очекува од нас". Познатите жени кои се‘ до шестото породување изгледаат како после најстрога диета, предизвикуваат нови реки од жени да завршат во болница поради попречувања во исхраната. Сега, дури 40 отсто од младите девојки под 16 години велат дека со задоволство би го отстраниле салото. Две третини од девојките од целиот свет потврдуваат: „тешко е да се чувствуваш убаво, кога секојдневно си соочена со идеалот за убавина“. Секоја трета девојка во Германија е премногу окупирана со исхраната, дури и девојчињата со наполнети седум години веќе имаат искуства со диетите. И во домовите за стари лица се‘ поголем е бројот на жените кои имаат симптоми на долгогодишни проблеми со изгладнување.

Убавина со пластични операции и „фотошоп"

„Секако дека естетската операција може моментално да го направи пациентот среќен, посамосвесен и посигурен, но нашето тело не функционира како стара кујна на која и‘ е неопходно реновирање. Затоа, после некое време, ќе бидете несигурни и во новото тело. А кон телото, би требало да се однесувате како кон удобна фотелја или пријатна куќа“, вели психоаналитичарката. Тоа би било

Übergewicht und Magersucht

Сопственото тело треба да се сака и да се негува

добро решение, да се однесуваме кон своето тело како кон својата куќа, да го негуваме со љубов, а да немаме однос како кон дворец од компјутерска симулација.

Ако не е пластична операција, тогаш е „фотошоп“. Сепак, ретко кој верува дека фотографиите на преубавите и речиси совршените манекенки на насловните страници, не се дигитално обработени. Ни на мажите не им е ништо полесно. Она што Мет Дејмон во филмот „Борнов ултиматум“, наводно го постигна со помош на напорниот тренинг, всушност е постигнато со помош на 169 каскадери и 70 експерти за специјални ефекти. Тоа се знае, тоа не е тајна. Сепак, ние на сите тие луѓе гледаме како на идоли, се обидуваме да бидеме како нив, а притоа сметаме дека се‘ тоа го правиме своеволно и дека не сме западнале во таа холивудска машинерија на убавината.

Тоа веројатно е и главниот парадокс на модерното мразење на телото. Се‘ повеќе личи на трка меѓу зајак и желка. Штом се појави некој нов метод за усовршување на телото, техниката на дигитализација наоѓа нови начини сите тие популарни лица да ги направи уште поубави и посовршени. Телото станува непријател, бидејќи не го дозволува сето тоа што го бараме од него. А вината ја бараме во нас. „Многу е посериозно отколку што мислиме – во прашање е вонредна состојба на здравјето, кое се нарекува самоунишување, дебелина, анорексија или мразење на телото“, заклучува Сузан Орбах.

Автор: Зидојче Цајтунг / ЖБС / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска