1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Добро, но не доволно добро

Германските реакции на Конференцијата за климата што се одржа во Дурбан, не можат да бидат поразлични. Власта се фали, опозицијата критикува, екологистите се разочарани.

default

„Голем успех, кој е патоказ за глобалната заштита на климата“ - со овие зборови германскиот министер за екологија Норберт Ретген ги коментира резултатите од конференцијата за климата во Дурбан. „Сега имаме фундамент и постигнавме динамика за меѓународен договор за заштита на климата, кој ќе важи за сите“, вели Ретген.

Ваквиот договор е постигнат благодарение на ангажманот на ЕУ, најслабо развиените држави и мали островски држави кои се најмногу загрозени од промените на климата. Германскиот министер за екологија смета дека и големите емитери на издувни гасови ќе се чувствуваат обврзани од заклучоците во Дурбан.

Како и да е, ова е некаков резултат

Германските екологисти се задоволни со тоа што во Дурбан воопшто е постигнато нешто. „За мене е важно што преговорите продолжуваат и што протоколот од Кјото останува на сила“, изјави за агенцијата ДПА директорот на хамбуршкиот „Макс Планк“-институт за метеорологија, Јохем Мароцке.

Südafrika Durban Klimakonferenz 2011

Конференцијата во Дурбан мораше да биде продолжена поради тешките преговори

„ЕУ и Германија имаа голем настап во Дурбан“, оценува професор Отмар Еденхофер од реномираниот Институт за истражување на климата во Потсдам. Не е постигнат договор за неопходната редукција на издувни гасови, но создадени се институционални предуслови кои до пред неколку дена важеа за незамисливи.

Нема напредок кај редукцијата на ЦО2

Оценките на опозицијата се далеку покритични. „Резултатите од Дурбан се разочарувачки и отрезнувачки“, гласи реакцијата на шефицата на Зелените, Калудија Рот. Најдолгиот самит во историјата не понуди поддршка за намалување на емисиите на штетни издувни гасови, вели Рот, која бара преземање конкретни обврски и се жали дека тоа во Дурбан го немало. „Не успеа постигнување договор за намалување на затоплувањето на Земјата под два степена. Тоа, без сомнение, е пораз за сите нас.“

Со слично разочарување реагира и претседавачот на Комисијата за екологија на Бундестагот, Ева Булинг-Шретер. Политичарката од Партијата на левицата смета дека резултатите се засрамувачки. „Конференцијата на ОН се продава како успех во последната минута, но таа е пораз.“ Во Дурбан договорениот временски план до 2020 година не е доволен за запирање на затоплувањето на Земјата, вели Булинг-Шретер.

Втората обврзителна фаза на Протоколот од Кјото, од 2013 до 2020 година, е

Abschluß des Klimagipfels in Durban

Дали заклучоците ќе донесат посакуван напредок?

млако преодно решение. Без САД, Канада, Јапонија, Русија и Нов Зеланд во Протоколот од Кјото се репрезентираат само „смешни 15 проценти“ од емисијата на штетни гасови во светот. Последиците од ваквиот „грандиозен неуспех“ мора да ги трпат луѓето кои се најмалку виновни за затоплувањето на климата, оценува претседавачот на Комисијата за екологија.

Еколошките здруженија незадоволни

Организацијата за заштита на животната средина Гринпис, која во Дурбан имаше испратено набљудувач, резултатите од конференцијата ги нарекува „уназадување за заштитата на климата“. „Ќе беше подобро доколку на конференцијата не беа донесени никакви заклучоци и ако во новата година се преговараше се‘ додека не се постигнеше навистина добар резултат“, оценува експертот за клима Мартин Кајзер.

Во Дурбан остана отворено - колку големите држави имаат намера да ги намалат емисиите на штетни гасови во наредната година, а и временскиот план за нов меѓународен договор за климата не е убедителен за Гринпис: „Со ваков временски план земјите кои блокираат, како САД, но и големите земји во забрзан подем, како Кина и Индија, ќе можат да се извлеачт од одговорност“, вели Кајзер.

Автор: Нина Веркхојзер/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска