1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Доброволно не враќам ништо“

Колекционерот Корнелиус Гурлит тврди дека е законски сопственик на сликите откриени во неговиот стан, иако меѓу нив можеби има и 590 дела што ги ограбиле или конфискувале неонацистите.

default

Акварелот на Ханс Кристоф „Пар“ од 1924 година е дел од колекцијата на Корнелиус Гурлит

Сопственикот на уметничкото богатство од Минхен, Корнелиус Гурлит, сака да ги задржи сите слики. „Доброволно нема да вратам ништо“, вели 80-годишниот Гурлит за магазинот „Шпигел“. Тој ги отфрла обвиненијата против него и тврди дека татко му законски стигнал до сега запленетите уметнички дела пронајдени во неговиот стан во Минхен (околу 1.400 слики). Според него, оние коишто се‘ погрешно претставуваат - се правосудството и јавноста. Тој на обвинителството му дал доволно докази кои го растоваруваат од сите обвиненија, тврди Гурлит.

Правосудните органи го гонат Корнелиус Гурлит, син на трговецот со уметнички дела во времето на неонацизмот Хилдебранд Гурлит, за затајување данок и проневера. „Шпигел“ пишува дека Гурлит не одбива разговори со германските власти, но е шокиран од јавната дебата околу него и случајот со сликите. „Јас не сум Борис Бекер, што сакаат овие луѓе од мене? Сакав само да живеам со своите слики“, вели Гурлит.

Запленувањето на сликите тој го коментира со зборовите: „Можеа да почекаат со сликите додека не умрам“. Колекцијата што му припаднала како наследство била негова животна содржина: „Ништо не сакав повеќе oд своите слики“, вели Гурлит за магазинот „Шпигел“, чија новинарка го придружувала три дена.

Според магазинот „Фокус“, соработници во кабинетот на канцеларката и претставници на баварските правосудни органи сакаат да го натераат Гурлит да и‘ ги препушти на државата сликите, од кои околу 590 важат како дела кои најверојатно биле ограбени или конфискувани од страна на неонацистите. За возврат, би можела да биде стопирана истражната постапка против него. Наредната недела 590-те дела би требало да бидат објавени на интернет страницата www.lostart.de.