1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Добри резултати на Германците во зимските спортови

Ани Фризингер

Ани Фризингер

Ани Фризингер по петти пат ја освои титулата европска првенка во брзо лизгање. Таа победи во трката на 5000 метри и во холандскиот центар за брзо лизгање во Херенвен го круниса третиот целосен триумф на германските претставнички по 1989-та и 1990-та година, зашто зад Фризингер се најдоа Даниела Аншиц и Клаудија Пехштајн. “На светскиот куп за натпревари во сала освоив еден сребрен и еден бронзен медал и веќе тоа беше добра појдовна позиција. Сега овде поставив рекорд и среќна сум поради тоа” – рече победничката Ани Фризингер.

На натпреварот од светскиот куп во биатлон, што се одржа во Оберхоф, во трката на хронометар на патека од 10 илјади метри победи Германката Уши Дисл, со што таа го презеде и водството во генералниот пласман во светскиот куп. Второпласирана беше Кати Вилхелм, исто така германска претставничка, а третото место и‘ припадна на Норвежанката Линда Тјерхом. Во спринтерската трка на 7ипол километри најбрза беше Тјерхом, пред Дисл и Вилхелм.

Во машка конкуренција прв во биатлонот беше Французинот Рафаел Поаре, пред Германците Свен Фишер и Александер Волф. Мажите се натпреваруваа на патека од 12 ипол километри. По одржани 10 од вкупно предвидени 27 трки во сезоната, во светскиот куп води Поаре, пред Фишер.

Рони Акерман за малку ја испушти шансата за петта победа во оваа сезона во светскиот куп во нордиска комбинација. По скоковите беше на шестото место, а во трката на 7 ипол километри за само неколку метри заостана зад Финецот Манинен. Во неделата, исто така во Зефелд, трета последовна победа на Манинен по скоковите и трката на 15 километри, пред Австриецорт Готвалд, а Акерман беше трет. Сега Манинен има 5 победи, и води во генералниот пласман во светскиот куп пред Акерман.

Аксел Тајхман, пак, и натаму е на чело во светскиот куп во скијачко трчање, иако во саботата во Отерпа во Естонија го освои петтото место во трката на 15 километри со класична техника, во која најбрз беше домашниот натпреварувач Андрус Веерпалу. Кај жените Норвежанката Марит Бјерген на патеката од 10 километри ја забележа веќе шестата победа во годинашнава сезона. Германката Клаудија Кинцел беше петтопласирана.

Финецот Јане Ахонен вчера беше најдобар во натпреварувањето во скијачки скокови одржано во Вилинген. Тоа беше негова 11-та победа во сезоната 2004/ 2005-та. Зад него во Вилинген останаа Австриецот Мартин Хелварт и Швајцарецот Андреас Кител. Најдобар од Германците е Михаел Урман на 4-тото место.

Ахонен победи на годинашната новогодишна турнеја “4 скокалници”, во која беше најдобар на три од четирите натпреварувањ, па така остана и натаму недостижен успехот на Германецот Свен Ханавалд, единствениот досега кој во една сезона победи на сите 4 скокалници. Германскиот сојузен тренер Петер Ровајн не беше сосем задиоволен од настапот на неговите избраници: “Морам сосем искрено да кажам дека очекував малку повеќе. Со осмото и деветтото место ние имаме двајца пласирани меѓу 10-те најдобри, но не ја остваривме целта за тројца меѓу 15-те првопласирани”.

Германскиот тим победи во екипните натпревари во саботата во Вилинген, но доживеа шок од тешката повреда на Александар Хер, кој падна при доскокот и му претстои операција и шестмесечно отсуство од натпреварите. Со тоа Хер го испишти настапот на претстојното светско првенство во скијачки скокови. Инаку, победата на Германците во Вилинген им ја обезбеди Урман во последниот скок и тоа беше беше изненадување, зашто зад нив останаа фаворизираните Финци и Австријци.

Во алпското скијање вчера во францускиот зимски центар Шамони убедлива победа во слалом на Италијанецот Џорџо Рока со една секунда и 23 стотинки предност пред Австриецот Рајх. Трет е Швеѓанецот Ларсон. Најдобар пласман од Германците оствари Алојз Фогл на 12-тото место. Во спустот во Шамони најбрз беше Австриецот Јохан Гругер, што е негова втора победа во кариерата, откако пред 11 денови беше најдобар и на натпреварувањето во италијанскиот центар Бормио.

Женскиот слалом се одржа во Санта Катерина и помина под знакот на Австријката Марлиз Шилд, која победи пред Американката Козник. Германската скијачка Моника Бергман-Шмудерер беше трета и тоа е нејзин најдобар резултат во оваа натпреварувачка сезона. Во супервелеслаломот, одржан исто така во Санта Катерина, прво место за претставничката на Словенија Тина Мазе. Од Германките бодови за светскиот куп освои само Марија Риш која на крајот беше 14-топласирана.

Во панорамата на спортски настани од изминатите денови уште неколку информации:

Тојота како прв тим го претстави новиот болид за наредното светско првенство во автомобилизам формула 1, што ќе започне во март. Во Барселона болидот со ознака ТФ105 го претстави новиот возач во тимот, Ралф - помладиот од браќата Шумахер, кој досега возеше за Вилијамс. Шефот на тимот на Тојота ЦутомуТомита по разочарувачката 2004-та, во новата година очекува редовно освојување бодови и барем на една трка пласман меѓу првите три.

Германскиот тим во коњички скокови и дефинитивно остана без златниот медал освоен на олимпијадата во Атина, откако Правниот комитет на Меѓународната јавачка асоцијација ги дисквалификува Лудгер Беербаум и неговиот коњ поради допинг. Така, неговиот резултат не се бодува, па златото им припадна на Американците, среборто на Шведска, а Германците сега ќе мора да се задоволат со бронзениот медал.

Ервин Шиндлер по коњичката трка во Дортмунд, во која го освои петтото место, го објави крајот на спортската кариера. Шиндлер има 58 години, тој е по возраст најстариот, а по раст со 146 сантиметри височина најнискиот германски џокеј. Но, тој е и еден од најуспешните: победи во преку 1300 трки, во 1976-та година беше шампион на германските јавачи, а најголемиот успех го постигна во 1982-ра година со победата на Германското дерби. Тогаш на обложилниците квотата за негова победа изнесуваше 608 спрема 10 и тоа е најголема победа на аутсајдер во историјата на Германското дерби. Ервин Шиндлер доби статус на "култен џокеј” на германскиот коњички спорт.