1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Добри министри-лошо здравство

Болници пред распаѓање, дотраени апарати, недостиг од лекови и медицински потрошен материјал, корупција, реформи без крај, ваква е сликата на македонското здравство во очите на пациентите, но и на надлежните институции.

default

Градска болница во Скопје

Македонија е рангирана претпоследна според здравствените услуги меѓу членките на ЕУ и кандидатите. Најповиканите за состојбите во македонското здравство за Дојче Веле тврдат дека сликата е реална и одговара на општата ситуација во државата. Актуелниот министер за здравство Бујар Османи тврди дека Македонија во оваа кризна година инвестира многу пари во здравствените реформи.

“Делот што се прави сега е историски. Јас би ги класифицирал 2009 и 2010 година како историски во здравството, од аспект на инвестициите во овој сектор. Во услови на тешка економска криза во светот ние вложуваме 150 милиони евра во опрема и во реконструкција на здравствените објекти како и во едукација на кадарот“.

Eine Artzhelferin spritzt am 13. Okt. 2005, in Goeppingen den aktuellen Grippeimpfstoff fuer die Grippesaison 2005/2006 in den Oberarm einer Patientin.

За неговиот претходник Имер Селмани е нереално да се очекуваат квалитетни здравствени услуги во земја со толкава стапка на невработеност. Во Македонија за здравство плаќа секој четврти граѓанин, а право на бесплатна здравствена услуга имаат сите 2 милиона граѓани.

“Ние сакаме европско здравство со пари кои што се можеби во проценти помалку од некои африкански држави. Не може со толку голем број на невработени луѓе повеќе од 35 проценти, со голем број пензионери, да се даваат здравствени услуги на солидарна база за сите два милиона граѓани, а тоа да го финансираат само оние кои се вработени“.

За да бидат успешни, реформите треба да се непопуларни

Доктор Владимир Лазаревиќ порано беше заменик министер за здравство сега е во раководството на СЗО. Како одличен познавач на состојбите во здравтвото во Македонија и во околните земји објаснува.

“Реформите во здравството, за да бидат успешни, треба да бидат непопуларни. На Македонија отсекогаш и‘ биле потребни непопуларни министри за здравство, а ние секогаш спротивно на тоа добиваме политички поени на одредени потези кои се креираат во здравството и тоа кумулира проблеми кои го доведуваат здравството во исклучително тешка состојба“.

Во здравството владее голема корупција

Дополнителна причина за незадоволството на пациентите е големиот степен на корупција во овој сектор. Здравствениот сектор во Македонија е сериозно загрозен од разни облици на корупција, кои се одвиваат во два сегмента: корупција во набавките на лекови, медицински материјали и опрема и корупција при давањето на здравствените услуги, констатираше во едно свое истражување Центарот за граѓански комуникации од Скопје. Истражувањето покажа дека е јавна тајна кој лекар колкава благодарност прима од пациентите за сочуваното здравје и спасениот живот. Колку што е постручен лекарот и посложена здравствената

Wochenrückblick 36 KW Flash-Galerie Streit über Prämien für Ärzte

Плати, па лекувај се!

интервенција, толку е поголема и сумата што се плаќа за возврат. Состојбата на немање болнички капацитет и лекови сразмерно на потребите, создава простор секоја итна услуга дополнително да се наплати. Ова е случај кога преку ред се вршат разни снимања, прегледи и операции и се добиваат болнички кревети, при што се инволвираат не само лекари, туку и друг медицински и административен персонал.

До кога сликата за македонското здравство ќе биде незадоволни пациенти и разочарани лекари?

Тоа ќе биде така се‘ додека вистински нема сериозна политичка определба да се влезе во коштец со проблемите во здравствениот систем, кои се познати.

Лоша или добра состојба?

Во очите на странците сотојбата и не е толку лоша. Во годишниот извештај на шведската Организација за анализа и информации за здравствената заштита, во кој се рангирани сите 27 членки на ЕУ, како и две земји кандидатки, Македонија и Хрватска, се наведува дека од можни илјада бодови, изработени за шест здравствени услуги, Македонија има вкупно 463 и е единствено пред Латвија. „Забележани се добри резултати во однос на правата на пациентите и информираноста, што веројатно се должи на законската легислатива и реформите кои се во тек, а кои ветуваат подобрување на ситуацијата во иднина. Рангирањето воопшто не е лошо, ако се земе во предвид социјално економската состојба на земјата“, се наведува во извештајот, во делот за Македонија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска