1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Добри економски резаултати - победа на избори

Турскиот премиер останува на кормилото во Турција. Неговата конезервативно–религиозна партија победи на предвремените парламентрни избори со апсолутно мнозинство. Како турските експерти реагираат на реизборото на Ердоан.

default

АКП ја слави победата во Турција

Речиси 47 проценти, тоа не го очекуваа ни оптимситите меѓу приврзаниците на АКП. Изборот мина без инциденти, и два часа по затварањето на избирачките места, резултатот беше познат: партијата на Ердоан може да го одбрани апсолутното мнозинство. Незадоволство од друга страна кај најголемата опизицонана партија, Републиканската народна партија на основачот Кемал Ататурк.

За поразот е виновна стратегијата

Разочараните избирачи бараат оставка на претседателот на партијата Дениз Бајкал. Политикологот Ајсе Бурга смета дека за поразот на Републиканската народна партија е виновна погрешната изборна стратегија „Еднаш се велеше дека Турција се наоѓа пред расплет, потоа дека на Турција и се заканува исламизиација. Партијата ја градеше својата стратегија врз база на вакви стравови. Со работи кои го определуваат секојдневниот живот на граѓаните тие воопшто не се занимаваа во текот на изборите. Тоа не беше разумна политика.”

Економскиот развој плус за партијата на Ердоан

Но постојат уште причини за јасната изборна победа на владеачката партија АКП. Едната е нивната економска политика: приходите по глава на жител во Турција се удвоија, сумата на странскиот капитал инвестиран во државата се зголеми за десет пати. Повеќето Турци денеска живеат подобро отколку пред четири години.

Многу набљудувачи во резултатот гледаат шлаканица на народот за војската, која во април кога престоеше изборот на Абдула Ѓул за претседател индиректно се закани зо пуч. Новинарот Назил Иличак оценува „Тоа беше еднозначна реакција врз упадот во претседателските избори. Народот покажа демократска реакција против тоа. Ако не се вмешаа, туку изборот и го препуштеа на АКП, партијата сигурно немаше да добие повеќе од 38 проценти.’

Останува прашањето дали АКП, како што тврди опозицијата, ќе ја претворат сега Турција во исламска држава Победникот на изборите Ердоан вели не „Овој успех нема да ни удри во глава. Спортивно. Тој значи дополнителна одговорност.”

Прва задача на АКП сега ќе биде конечно да најде нов претседател на држават. Бидејќи самата не располага со потребното двотретинско мнозинство потребни и се партнери. Кој би можело да биде прифатлив кандидат за коалиција, сега за сега останува отворено прашање