1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Добри вести од Јапонија

Во речиси невозможната трка со времето, се чини дека инженерите можат да ги слават првите успеси во стабилизирањето на состојбата во атомската централа Фукушима 1, тешко оштетена од земјотресот и цунамито.

default

Еден од реакторите

Инженерите успеале да го поврзат со струја реакторот број 2 на атомската централа Фукушима и сега се обидуваат да ги опорават системите за ладење. „Доколку денеска не се утврди некој проблем, тогаш најдоцна до недела ќе протече струја до реакторот“, истакна портпарол на јапонската агенција за атомска безбедност, Фумијаки Хајакава.

Во меѓувреме состојбата се стабилизира и кај третиот реактор, кој се сметаше за најкритичен, бидејќи работи со екстремно токсичниот плутониум. Пожарникарски камиони на јапонската армија со часови прскаа вода врз реакторот, во обид да го изладат и да спречат поголема нуклеарна катастрофа.

Fukushima 2011 Atomkatastrophe Flash-Galerie

Илјадници лица се` уште се во прифатните центри

Пронајдена е контаминирана храна

На триесетина километри оддалеченост од нуклеарката, веќе се измерени зголемени нивоа на радијација во млекото од кравите и во спанаќот. Иако вредностите ги надминуваат границите, пропишани со законот, сепак тие не се опасни по човековото здравје, соопшти претставник на јапонската влада. Тоа е првиот случај на зголемена контаминација во храната од почетокот на нуклеарната катастрофа минатиот петок.

Јапонскиот премиер Наото Кан, чија влада се соочува со најголемата катастрофа по Втората светска војна, го отфрли предлогот на опозицијата за формирање влада на национално единство, со цел поуспешно справување со кризата, во која загинаа седум илјади лица, а цели градови беа поплавени и однесени од цунамито. Бројот на исчезнати се` уште се проценува на преку десет илјади лица.

Автор: ТТ/ АТ/ афп/ ројтерс

Редактор: Александра Трајковска