1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Добри вести за челичната бранша

Германската челична индустрија во оваа година одново очекува пораст на производството и смета дека е можен пораст на работните места.

Во ова година челичната индустрија на Германија стартува одлично

Во ова година челичната индустрија на Германија стартува одлично

Производството на суров челик во Германија во оваа година веројатно ќе порасне за 3 ипол проценти, односно на 45,7 милиони тони, вели претседателот на здружението за производство на челик Дитер Амелинг.

Со оглед на порастот на побарувачката на челик во целиот свет и опаѓањето на цените на суровините, германската челична индустрија добро стартуваше во оваа година, оценува Амелинг:

„Фирмите за производство на челик во Германија влегоа со сигурност во новата година, браншите на кои сме и потребни: автомобилската и машинската имаат голем број договори, па сметаме во оваа година да произведеме 3 ипол проценти повеќе челик од минатата година„.

Особено е добра снабденоста со суровини. Водечките производители на железна руда и јаглен започнаа со отворање нови капацитети, па така цената на коксот во моментов е на нивото од пред три години. За споредба: во минатата година цените на железната руда во просек пораснаа за 72 процента, а сега се случува смирување. Не се очекува ниту недостиг на снабдување со железна руда во наредните години:

„Одлично сме опремени за пазарите, во извозот имаме добра позиција. Германија е на шестото место според производството на челик, но затоа сме четврти во светот според извозот, а во многу производи сме меѓу првите три извозници„.

И намалувањето работни места во челичната индустрија е забавено, вели Амелинг. Ако Тисен-Круп, како што е планирано, ги стави во погон новите фабрики за производство на суров челик во Бразил, тоа во најмала рака ќе ги обезбеди работните места во Германија, а можно е да се очекува и благ пораст. Во моментов во оваа бранша во Германија работат 92 илјади.

Како опасност за германските производители на челик, Амелинг ги оценува растечките цени на струјата. По Велика Британија, Германија плаќа највисока цена за струјата во Европа.