1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Добредојде 2011!

Огномети, многу пенливо вино и добро расположение: милиони луѓе на целата земјина топка на ваков начин ја поздравија Новата 2011 година, надевајќи се дека ќе биде им биде подобра и поуспешна од старата.

default

Огномети, многу пенливо вино и добро расположение: милиони луѓе на целата земјина топка на ваков начин ја поздравија Новата 2011 година, надевајќи се дека ќе биде им биде подобра и поуспешна од старата.

Во германската престолнина Берлин околу еден милион луѓе заеднички го дочекаа преминот од старата во новата година пред Бранденбуршката порта.

И во другите европски метрополи човечките маси ги запоседнаа центрите на градовите во заедничка прослава: во Париз, на познатите Елисејски полиња, според полицијата имало околу 350 илјади луѓе, а во близина на Ајфеловата кула над 50 илјади. Во британскиот главен град Лондон над 250 илјади граѓани пееја, се шегуваа и го следеа огромниот огномет над реката Темза.

Sydney / Silvester / Neujahr

Огнометот во Сиднеј

Во шпанската престолнина Мадрид илјадници луѓе заедно ги одбројуваа последните секунди од 2010 година, јадејќи 12 зрна грозје, едно за секој удар на часовникот на полноќ, што според шпанската традиција носи среќа.

На Тајмс Сквер во Њујорк беа собрани околу еден милион Американци и туристи. Според медиумите во Германија, најголемиот и најскапиот огномет за Новата година бил оној во Сиднеј, кој чинел околу 5 милиони долари, а еден од најубавите огномети во светот бил изведен во Тајван. Таму пиротехничарите со ракети го ишарале небото, така што во еден момент изгледало дека над Тајпеј се надвила

Taiwan Taipei Feuerwerk Silvester 2011

На Тајван изведен еден од најубавите огномети

огромна ламја. Најскромно Новата година ја дочекаа Грците. Поради должничката криза се штедеше и на јавните прослави, па во најголемиот број градови нив ги немаше.

Најнеобичната новогодишна прослава веројатно беше во Меѓународната вселенска страница - во новогодишната ноќ астронаутите 16 пати ја преминаа границата на датумот, но наздравиле само четири пати, три пати во времето кога се слави во нивните татковини - Русија, САД и Италија и еднаш шишето со шампањ на 350 километри височина било отворено на полноќ според официјалното време по Гринич.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/ртре/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска