1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Добредојде за „е-дневнците“ во образованието

Ерата на класичните дневници во Македонија е пред крај. Ресорното министерство за овој декември го најави практичниот старт на проектот: „Електронски дневник“. Има ли услови проектот да се реализира според замисленото?

default

Македонското министерство за образование и наука од март 2009 година, со грант од Светска банка од околу 600.000 евра, работи на усвојување на проектот „е-дневник“, кој е дел од замислата за електронско управување со основното и средното образование. Од МОН тврдат дека софтверско решение ќе биде едноставно за користење и за наставниците, но и родителите. Мите Аризанкоски е информатичар во кабинетот на министерот за образование и за Дојче веле објаснува:

„На секој професор ќе му биде доделен кориснички профил, каде ќе може да внесува оценки само на учениците кои ги учи. Кориснички профили ќе имаат директорот, педагогот, а и родителите, за кои е најважно да имаат увид врз електронското досие на ученикот, за да можат да ги следат оценките и изостаноците.“

Родителите секој миг ќе знаат какви оцени добиле нивните деца

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule

Со или без компјутер - мора да се учи

Ова ќе значи крај на лагите на ученците и отсуствата од училиштните клупи. Ќе се знае какви оценки реално добиле учениците само со кликнување во мрежата.

Во општините Центар и Аердром во Скопје од почетокот на оваа календарска година електронскиот дневник е воведен како пилот-проект, поддржан од МОН. Но, проектот е наменет за цело образование, потенцира Аризанксоки:

„Планирано е проектот да се спроведе во сите 450 училишта од кои 94 се средни, а останатите се основни училишта. И помалите места се опфатени во овој систем. Таму каде што се забележани проблеми со интернет-врската и струјата се работи на нивното подобрување, за час поскоро проектот да профункционира според замисленото.“

Најмногу се жалат наставниците

Голема збрка меѓу родителите и наставниците настана при собирањето на податоците кои ќе стојат во дневникот, меѓу нив и крвната група и матичниот број. Дарко Стевоски е родител од Охрид и вели:

„Злоупотребата е можна, бидејќи се работи за чувствителни податоци, како што е матичен број. Тој што има таква цел може да го злоупотреби. Бидејќи ни рекоа дека податоците се во функција на образованието, ние родителите се согласивме и се надеваме дека податоците нема да бидат злоупотребени.“

Mazedonien Klassenzimmer

Од промените најмногу се жалат наставниците

Се најавува дека наставниците ќе ги ажурираат податоците неделно. Тоа го поздравија многу родители, кои ретко имаат време за своите деца, а сакаат да го знаат нивното однесување во училиштето. Но, постои сомнеж кај дел од нив:

„Во комуникацијата наставник – родител сметам дека ќе се намали квалитетот, бидејќи ќе се избегне личниот контакт. Сепак, се надевам дека во сегашните нови тренодви на живеење ќе имаме поголеми информации за учениците.“

Јавно пред микрофон не, ама најмногу се жалат наставниците. Новините ни се нудат на јуриш, велат тие, без да има време темелно да ги анализираме.

Како до „е- дневник“ да дојдат семејствата без компјутер и интернет ?!

Голем процент семејства во Македонија немаат компјутер, вели Дарко и открива уште една практична слабост:

„Голем дел од нив не се едуцирани во употребата на компјутерите. Значи, тоа е достапно само за онаа класа луѓе која има можност за користење на интернет. “

Јасмина живеее токму во средина каде компјутерите се ректост и резигнирано вели:

„Проектот ’е-дневник’ е убава работа, но како родител се сомневам во тоа дали докрај ќе се реализира, или, пак, ќе ја доживее судбината на претходниот ’Компјутер за секое дете’“.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Трајче Тосев