1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Добра волја и немоќ!

ЕУ е во улога на посредник во руско-украинскиот спор околу испораките на гас за Украина и за други европски земји, оти тоа и е од интерес. Но, појдовната основа на Европејците за успешни кризни разговори е слаба.

default

Испраќањето на европски набљудувачи во Украина е дел од договорот меѓу Киев и Москва, постигнат со посредство на ЕУ

Пред три години беше слично - Русија и Украина водеа спор околу цената на гасот. И тогаш страдаа државите на ЕУ поради намалениот дотур на гас. Но, тогаш само беше намалено количеството на испораките на гас, славините не беа докрај затворени како сега. Тогаш државите на Унијата свечено ветија дека ќе водат заедничка енергетска политика, што би требало да води кон поголема независност од Русија. Три години минаа, нешто многу не се случи. Напротив, Русија и Украина уште подрско отколку тогаш и’ покажаа на ЕУ кој е на подолгата страна од лостот по прашањето на гасот.

Зголемена зависност од руски гас

Европската комисија во вториот извештај за стратегијата во енергетиката во ноември констатира дека во наредните години значително ќе расте зависноста од руски гас и оти пред 2020 година нема изгледи за намалување на таквата зависност.

Medwedew setzt Abkommen über Gas-Kontrolleure außer Kraft

Европа е многу зависна од рускиот гас

Затоа што изградба на нови гасоводи и изнаоѓање лиферанти во Азија или во северна Африка трае подолго отколку што се сметаше. Освен тоа, Русија презема се’ за да ги испревари европските планови. Русија самата е на тура низ централна Азија за купување резерви на гас, а има успех и во обидот да предизвика поделба во ЕУ. Беа склучени билатерални договори за снабдување и за изградба на гасоводи со земји што Москва ја сметаат за пријателски настроена. Други, пред се’ Балтикот, Полска, Чешка и Словачка, од руски агол на гледање, треба да бидат закочени. Гасоводот преку Балтикот, директно од Русија кон Германија, нема да ја намали зависноста од руски гас. За гасоводот „Набуко“ преку Труција, пак, се’ уште нема лиферанти. Ни Иран, кој некогаш би можел да испорачува гас, не е токму партнер од најголема доверба.

Европа треба да се поврзе енергетски

Не е многу напреднато со европската солидарност и со заедничкиот пазар на гас, што уште пред три години ги најави претседателот на Комисијата на ЕУ, Барозо. Дури сега почнува да се размислува за меѓусебно поврзување на европските земји со гасовод, за да нема само еднонасочна улица од Русија. Ниедна земја не е вистински подготвена за да ги отвори своите резерви од гас за некоја друга земја. Различен е и степенот на зависност на земјите на ЕУ од гас од Русија. Финска и Полска целосно се снабдуваат од Русија. Шпанија, пак, воопшто не увезува гас од таму. Оттука, јасно е и дека интересите се многу различни.

Karte von bestehenden und geplanten russischen Gaspipelines in Europa

Мапа на постоечките и планираните руски гасоводи во Европа

На европските муштерии и на Комисијата на Унијата сега им стана јасно дека Русија веќе не е лиферант во кого може да се има доверба. Москва го користи гасот како политичко оружје. Тоа би требало да биде лековит шок за ЕУ. Нејзиниот самит во март мора да понуди некаква ефикасна контрастратегија. Чешкиот премиер Тополанек посредуваше и издејствува контролори од Унијата да го надгледуваат протекот на гасот од Русија преку Украина. Тоа би можело да биде и почеток на постапка против корупцијата во бизнисот со гас во Русија и Украина. Оти на секој продаден кубен метар гас заработуваат трговци-посредници, чиј придонес никој не умее точно да го опише. Наводно, 20 проценти од приходите така се свртуваат кон џебовите на политичките и стопанските елити.

Потребен е нов договор меѓу ЕУ и Русија

ЕУ мора да остане единствена кон Русија и безусловно да се избори за нов договор за енергетика. На европски фирми конечно мора да им биде дозволено да експлоатираат енергетски извори и да развијат инфраструктура за транспорт. Актуелното паѓање на цените на гасот би требало да ја доведе владејачката гарнитура во Москва до сознание дека е подобро да има соработка со ЕУ и со западните инвеститори, отколку конфронтација.

Инаку, во иста мера како со Русија, ни во дејствувањето на Украина не може да се има доверба. Таа присвојува гас или ги блокира испораките од Русија. Со тоа се дисквалификува себеси како кандидат за пристап кон НАТО и за подоцнежно членство во ЕУ.