1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Добрата клима води до решение за името

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов: Посредникот на ОН Метју Нимиц чека сигнали од премиерите на Македонија и на Грција, по што ќе подготви предлог, кој кога ќе биде прифатен од двете страни, ќе биде доставен до ОН.

default

Ѓорге Иванов

Позитивната клима со честите средби на премиерите на Македонија и на Грција е нешто што во минатото не се случувало, рече денеска на средбата со новинарите во Призрен македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Тоа е причина за оптимизам не само кај европските партнери, туку и кај шефот на државата. Враќањето на довербата, вели тој, ќе помогне за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за името.

Иванов појасни дека посредникот на ОН Метју Нимиц чека сигнали од премиерите на Македонија и на Грција, по што ќе подготви предлог, кој откако ќе биде прифатен од двете страни, ќе биде доставен до Генералното собрание на ОН.

Matthew Nimitz

Метју Нимиц чека сигнал?

Државниот врв е усогласен во однос на разговорите за името, рече претседателот Ѓорге Иванов денеска на средба со новинарите и потсети дека опозицијата не ги прифаќа средбите со амбасадорот Зоран Јолевски за да ги информира за текот на разговорите.

Претседателот на Република Македонија вчера учествуваше на регионалната лидерска средба во местото Превала, на Шар Планина, во близина на Призрен заедно со шефовите на држави на Косово, Албанија и Црна Гора, Фатмир Сејдиу, Бамир Топи и Филип Вујановиќ. Ова е прва посета на македонски претседател по признавањето на независноста на Косово и воспоставувањето дипломатски односи со Приштина.

Охрабрување за Горанците

Македонскиот претседател Иванов денеска во Превала, на Шар Планина во близина на Призрен, се сретна со претставници на Македонците-Горанци кои живеат на Косово. Шефот на државата ги охрабри Гораните преку формирање на политичка партија да се вклучат во политичкиот живот на Косово и на тој начин да ги реализираат своите барања.

Иванов добил уверување од косовскиот претседател Фатмир Сејдиу дека на пописот на населението во 2011 година ќе биде обезбедена графа за изјаснување на националната припадност. Тоа ќе биде прв попис на населението во Косово по 1981 година.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски