1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Добитници на наградите на Квизот “Кој ќе биде европски првак во фудбал?”

Непосредно пред и за време на Европското фудбалско првенство во Португалија Ве поканивме да го прогнозирате идниот првак. Шампионатот донесе огромно изненадување – Грција го освои првото место! Тоа не можеше да го предвиди никој од експертите, па не е чудно што ни во нашиот квиз само мал дел од учесниците погодија – и тоа сите во одговори испратени пред самата завршница на првенството, кога дел од фаворитите веќе беа елиминирани. Доминираа прогнозите за Португалија, Чешка, Франција, имаше и по некој глас за Германија или Холандија.

Првата награда, фудбалската топка која истовремено потсетува и на кандидатурата на Лајпциг за организација на Олимписките игри 2012-та, му припадна на Тоше Ризов, кој одговорот го испрати по со и-мејл.

При извлекувањето на добитниците на другите 9 фудбалски топки среќата им се насмевна на следниве учесници со точен одговор на квизот:

Петар Костоски од Скопје,

Ивана Групче од Охрид,

Михаил Спиркоски од Прилеп,

Иван Димчевски од Велес,

Мирка Симовска со одговор испратен по и-мејл,

Ангеле Групче од Охрид,

Трајчо Арсов од Кочани,

Вјекослав Мргудиќ од Оребиќ во Хрватска и

Георги Спиркоски од Прилеп.

Во оваа пригода уште еднаш Ви заблагодаруваме за учеството во квизот. На добитниците им честитаме на наградите, кои веруваме ќе им приредат задоволство.