1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Добивање био-пластика

Јаглерод диоксидот од отпаден материјал може да се претвори во суровина. Тоа го овозможуваат микроби кои се хранат со јаглерод диоксид.

Кога јагленот се претвора во струја, се испушта јаглерод-диоксид. Отпаден материјал за кој претпријатијата мора да плаќаат, затоа што и‘ штети на климата.

Био-технолозите и инженерите имаат намера да го претворат јаглерод-диоксидот во суровина.

„Би сакале да се движиме во насока на био-пластика. Зашто, забележливо е дека комерцијалниот интерес за алтернативна пластика која не се произведува врз база на нафта, станува се‘ поголем“, вели Сара Валус од енергетскиот концерн РВЕ.

Со една тест-постројка тие направија голем чекор во насока на остварување на нивната визија. Во шишиња живеат микроби. Тие за да растат се хранат со јаглерод-диоксид. Микробите преку црева се хранат со отпадниот гас од термоцентралата. Микроорганизмите го претвораат јаглерод диоксидот кој е штетeн за климата во биомаса која не е штетна и може да се користи како суровина за многу производи. Идејата потекнува од биотехнолошката фирма БРЕЈН. Научниците истражиле три илјади видови микроорганизми и пронашле 29 кои, кога јадат јаглерод диоксид, растат многу бргу.

15.01.2010 DW-TV Projekt Zukunft biokunststoffe 1

Своите сознанија научниците ги имаат заштитено со патенти

Ова истражување досега чинеше повеќе од два милиони евра, а го финансираа заеднички биотехнолошката фирма и енергетскиот концерн РВЕ.

Своите сознанија научниците ги имаат заштитено со патенти. Сега сакаат уште повеќе да го зголемат апетитот на микробите за јаглерод диоксид. Нивна цел е така да ја променат размената на материи, што самите ќе бидат во состојба да произведат едноставни пластични материјали, кои потоа ќе можат да се преработуваат во материјали за изолација или био-пластика. Јирген Ек од БРЕЈН АГ вели:

„Годишно би можеле да се произведуваат сто илјади тони материјал, кој потоа би се преработувал во био-пластика. Тоа е само мало делче од вкупното количество ЦО2, но би рекол дека секој тон што на тој начин ќе го заштедиме од нафтените ресурси е - добар тон.“

Прво би требало да се изгради пилот-постројка. Претпријатија кај кои јаглерод диоксидот е отпадна материја, како што се цементарниците, производителите на челик и хемиските фирми, одамна се заинтересирани за ваквата постапка на рециклирање.

Научниците проценуваат дека постројката би можела да биде пуштена во употреба за комерцијални цели најрано во наредната деценија.