1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Добар почеток без конкретни резултати

Претставниците на Белград и Приштина синоќа во Брисел со посредство на меѓународната тројка ги изнесоа своите различни планови за иднината на Косово и не договорија ништо конкретно.

default

Иако однадвор тешко беа видливи чекори во позитивна насока шефот на дипломатијата на ЕУ Хавиер Солана е оптимист. На разговорите во Брисел тој видел и по некоја насмевка, која одамна не била забележана на разговорите. Благо задоволство изрази и претставникот на ЕУ во тројката Волфгагнг Ишингер кој уште претходно изјави дека од разговорите во Брисел не треба да се очекува јасен резултат

“ Двете страни мора да прифатат дека сеуште се далеку. Потребно е да се направи уште доста за да се надминат разликите ако се сака да се постигне договор. Ова секако ќе подразбира болни одлуки дали на едната или другата страна“ изјави по разговорите во Брисел претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер

Двете страни ги претставија своите планови, разменија по некое прашање и одговори. Српскиот тим го претстави планот за суштинска автономија на покраината во рамки на своите граници, Приштина за независно Косово и соработка меѓу двете независни држави. Министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, по разговорите изјави:

“ Мислам дека тоа беше еден добар почеток. Двете страни се ангажираа во расправата, за прв пат на еден интензивен и интерактивен начин. Нашата страна ги претстави деталите од планот за суштинска автономија. Притоа имаше досат прапшања и од албанската страна но и од претставниците на тројката

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави дека тој и премиерот Агим Чеку биле против предлогот на срспката страна

“ Ние предложивме разговор за добрососедските односи, нашиот предлог подразбира изградба на добрососедски односи, соработка и поттик на евроаткланстките интеграции. Нашиот предлог за независност претставува гаранција за заедничка иднина на сите жители на покраината“ изјави Сејдиу

Волфгнаг Ишингер претходно ги повика земјите членки на ЕУ да го олеснат визниот режим за Србија. Овој потег според него би бил добар сигнал за Белград и би можел да делува позитивно во преговорите.