1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Добар одзив, мали нарушувања

Одзивот на парламентарните избори до 17 часот е 53,86 проценти, односно гласале вкупно 928.983 избирачи, соопшти ДИК. Гласањето траеше до 19 часот вечерва.

default

ДИК соопшти дека гласањето се одвива главно мирно и слободно. Одзивот во првата изборна единица е 57,7 отсто, во втората 49,6, во третата 61,2 отсто. Во четвртата изборна единица правото на глас го искористиле 58,8 проценти од избирачите, во петтата 53,4, а во шестата 42,2 отсто.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко попладнево информираше дека има некои информации за одредени нарушувања на текот на гласањето, односно неколку лица кои со мобилни телефони ги сликале

Претседателот на ДИК Борис Кондарко (л.)

Претседателот на ДИК Борис Кондарко (л.)

избирачките ливчиња, но тоа е откриено од избирачките одбори и пријавено до надлежните институции и против нив ќе бидат преземени соодветни законски санкции.

Според директорот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, ОДИХР, Јанез Ленарчич, гласањето се одвива без проблеми, но треба да се почека до самиот крај. „Ова досега се 11-ти избори кои ги набљудуваме тука. Ние имаме над 300 краткорочни и долгорочни набљудувачи кои во Македонија се дојдени пред еден месец, пред изборниот период“ вели Ленарчич. Тој додаде дека меѓународните набљудувачи се насекаде низ земјата за да го набљудуваат гласањето и броењето на гласовите.

Амбасадорите Филип Рикер и Петер Соренсен

Амбасадорите Филип Рикер и Петер Соренсен

Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер изјави дека од она што можел да го види изборниот процес се одвива во најдобар ред, но оти за финална оценка ќе го почека извештајот на ОБСЕ-ОДИХР.

„Имав прилика во Тетово да се сретнам и со амбасадорот Соренсен во паузата додека посетувавме избирачки места. Претходно бев во Карпош, во општина Желино и тука во Тетово. Што се однесува до текот на изборите ќе го почекаме извештајот на ОДИХР, но засега од тоа што можев да го видам, се‘ се одвива во најдобар ред“, рече Рикер.

Истиот став за текот на изборите и за конечната оценка го дели и амбасадорот на ЕУ во Македонија Петер Соренсен.

„Јас и амбасадорот Рикер работиме заедно во рамките на меѓународната заедница. Ги разменивме нашите видувања, но според она што јас го видов во Арачиново, Скопје и тука, а секако дека ќе посетиме и неколку избирачки места на враќање кон Скопје, се‘ се одвива во ред. Сепак, ќе го почекаме извештајот од ОДИХР, изјави Соренсен при посета на избирачко место во Тетовско.

Автор: АЧ/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM