1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Добар викенд за фаворитите

На врвот на бундеслигашката табела останува израмнето. Во 26-то коло победи забележаа сите четири првопласирани екипи. Се комплицира состојбата на дното.

default

Фудбалерите на Шалке прославуваат на мечот против Кајзерслаутерн

Фудбалерите на Шалке извојуваа убедлива победа на гостувањето кај Кајзерслаутерн во неделата и се приближија на само еден бод до третото место на табелата кое води директно во Лигата на шампионите. Кајзерслаутерн поведе уште во 3. минута преку Родни, но гостите од Гелзенкирхен доминираа до крајот. Холтби израмни во 39., а Хунтелар со погодокот во 45. му донесе предност на Шалке уште на полувремето. Во вториот дел погодија и Раул и Фарфан за конечни 4:1. За Кајзерслаутерн ова беше 16. меч по ред без победа и тимот остана закован на дното на табелата со 20 бода.

Еуфоријата од успесите во Лигата Европа ги понесе фудбалерите на Хановер и во домашното првенство. Во неделата убедливо поразен Келн со 4:1, а со тоа беше поставен и нов рекорд од 14 мечеви без пораз на домашен терен. Головите ги постигнаа Штиндл, Шлаудраф и на двапати Маме Диуф. Почесниот за Келн, кој сега го делат само три бода од зоната за испаѓање, беше дело на Пецони.

Fußball Bundesliga 26. Spieltag Bayern München Hertha BSC Berlin

Робен постигнува гол од пенал против Херта

Уште една одлична партија на Бајерн

Бајерн Минхен имаше полесен тренинг на гостувањето во Берлин во саботата. Домашната Херта беше совладана со 6:0. Веќе по 19 минути игра на семафорот резултатот гласеше 3:0 за баварците. Со победата Бајерн ја задржа негативата од 5 бода во однос на водечката Борусија Дортмунд на табелата, која пак дојде до трите бода во дуелот против Вердер, но не одушеви со играта и со реализацијата.

Единствениот погодок во победата од 1:0 за Борусија го постигна Кагава уште во седмата минута. За одбележување е дека поради повреди и казни, тимот на Вердер мечот практично го одигра со вториот состав.

Втората Борусија, онаа од Менхенгладбах, по малата криза продолжува со победничкиот поход. Овојпат нагости беше совладан Бајер Леверкузен со 2:1. Борусија (М) дојде во водство уште во 7. минута преку Ројс, Бајер израмни преку Кислинг во 75. минута, а конечниот резултат го постави Де Камарго во 88. минута.

Тимот на Волфсбург ја забележа втората победа во низа и конечно, по многу внатрешни превирања, тргна кон горниот дел на табелата. Во саботата нагости беше совладан Нирнберг со 3:1, а головите ги постигнаа напаѓачите Хелмес и Манџукиќ. Голот кој му донесе залудно водство на Нирнберг на почетокот на мечот беше дело на Дидави.

Аугсбург избега од дното

Bundesliga 26. Spieltag Hamburger SV HSV SC Freiburg

Фудбалерите на Хамбургер во очај по поразот од Фрајбург

Тимот на Аугсбург продолжи со добри партии, а победата на домашен терен над Мајнц од 2:1 значеше и прво излегување од опасната зона сезонава.

Дерби на дното се играше во Хамбург, каде домашниот тим беше убедливо поразен од аутсајдерот Фрајбург со 3:1. За третиот пораз во серија на Хамбургер се погрижија Флум, Калигури и Макиади. Иличевиќ со почесен гол се погрижи домаќините да избегнат целосна бламажа.

Во долниот дел на табелата сега состојбата е критична за дури шест тима. Последниот Кајзерслаутерн има 20 бода, пред него е Херта со 23, па следува Фрајбург со 25. На само бод растојание следуваат Аугсбург со 26, Хамбургер со 27, и Келн со 28 бода.

На последниот меч одигран во 26. коло во петокот, Штутгарт нагости го совлада Хофенхајм со два погодока на довчерашниот напаѓач токму на Хофенхајм, Ибишевиќ.

Автор: Кале Копс / Б. Георгиевски

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска