1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Доаѓа Порше 911

Опремен со менувач со двојна спојка и со спортски хроно-пакет како опција, новоконструираниот покрив и син интериер, Порше 911 чини повеќе од 118.000 евра. Самото сонување и натаму е бесплатно!

Спортско, динамично, интензивен звук. Несомнено е Порше. 911 Карера кабриолет е модел од новото издание на серијата 911. На патеката Киркито де Маспаломас на Канарските острови беше тестирана верзијата Карера еС кабриолет со сила на моторот од 294 киловати.

BdT Porsche legt Angebot zu Scania vor

Михаел Шецле од Порше подвлекува: „Кабриолетот се базира врз купе-моделот и ги содржи сите предности од новото купе 991. Битна ни е зголемената цврстината на возилото. Тоа има за 18 проценти поголема динамичка торзиона цврстина. Ова значително го намалува тресењето на автомобилот и оддава чувство како да си во купе. Всушност, за возачот во кабриолетот веќе нема функционални недостатоци во однос на купето“.

Опремен со менувач со двојна спојка и со спортски хроно-пакет како опција, кабриолетот забрзува уште подобро - а сепак треба да е поекономичен. Наместо за 4,7 секунди, од нула до 100 км/ час сега стигнува за 4,3 секунди. Според производителот, потрошувачката е 8,7 литри на 100 километри.

Новоконструираниот покрив за првпат овозможува да се зачуваат типичните контури на 911. Со притисок врз копче на клучот кога возилото стои, покривот се отвора автоматски, како да е воден од сенишна рака.

Растојанието меѓу оските кај новиот 911 е поголемо за десет сантиметри во однос на претходниот, а надворешните димензии останаа исти. Бандажите од 20 цоли го нагласуваат спортскиот карактер.

Поради покривот, задниот багажник е помал за 50 литри во однос на купето, што лесно ќе се преброди, оти во предниот има исто толку место, колку во купето.

Покривот на новиот кабриолет се отвора или се затвора за само 13 секунди - и тоа и при возење со брзина до 50 километри на час. Притоа покривот така се набира, што останува заштитена внатрешната страна, со функција на топлинска и звучна изолација.

Deutschland Auto Porsche 911 Turbo Cabriolet

Новиот покрив на преклопување има внатре и нови „ребра“. Се прашувате какви се тие „ребра“? Еве го одговорот! „Класичните покриви од штоф во внатрешната структура имаат потпорни елементи, односно ребра. Тоа се оние сводови што кај таквите покриви се забележуваат однадвор. Ние всушност само ги проширивме ребрата, така што речиси се допираат едни со други и на тој начин настануваат рамни елементи, кои слоевито се редат еден врз друг кога се отвора покривот, и тоа изгледа убаво“.

Освежувачки, поинаков - иако не за сечиј вкус, е синиот тон во внатрешноста на возилото. Пет кружни инструменти даваат сеопфатни информации за автомобилот.

Во автомобилот има и мултифункционален екран со висока резолуција. Рачката на менувачот е сместена во средната конзола која се издига нанапред и со тоа е поблиску до воланот. Седиштата речиси се припиваат на возачот и совозачот.

Штитникот од ветер се крева на електричен погон и ги намалува воздушните вртлози при повисока брзина. Отворениот 911 од Цуфенхаузен кај Штутгарт е особено онимилен во САД. Речиси 40 проценти се извезуваат во Северна Америка, една четвртина остануваат во Германија, секој осми патува за Велика Британија. Во кабриолетите на Порше уживаат и Кинезите.

Остварувањето на сонот за Порше кабриолет што го тестиравме, во Германија чини повеќе од 118.000 евра. Самото сонување и натаму е бесплатно…